Женски припадници на полициските сили Вилејтул Хисбах од Индонезја спроведуваат шеријатски закони . Вршат патрола во провинцијата Ацех каде сеуште се применуваат строги правила.

Во случајот, поведена е жена која била фатена како се дружи со маж кој не е нејзин сопруг и јавно е посрамена и казнета со јавно камшикување.

Жените треба да се облекуваат пристојно, да ги следат моралните и етичките кодекси. Исто така, да не привлекуваат внимание кај машкиот пол.

За кривични дела се сметаат и хомосексуалноста, конзумирањето и продажбата на алкохол. Посебно за жените кои вршат прељуба и се дружат со припадници од машкиот пол.

Овој загрижувачки тренд се рашири благодаредние на тоа дека многу луѓе масовно се декларираат за муслимани, така од 255 милиони луѓе во земјата скоро 90% се пишале како муслимани, иако не ги следат строгите правила на исламот.

Овој закон се спроведува откако на провинцијата Ацех и беше изгласана автономија во 2001 година со обидот на владата во Џакарта за да се задуши сепаристичкиот бунт. Исламските закони на Ацех се прокламирани со мировниот договор со Џакарта од 2005 годнина.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено