Новата компанија на Илон Маск, Neuralink има за цел да создаде нова револуционерна технологија која што ќе помогне човековиот мозок да се поврзе со компјутер. Маск има активна улога во развојот на она што тој го нарекува “нервни конци” и има за цел да вгради мали електроди во мозокот за да можат да се пренесуваат мислите. Neuralink сака да ја дефинира иднината на човештвото.

Илон Маск генијалецот кој стои зад SpaceX, Tesla Motors, and Neuralink, планира овој прокт да го заврши за само 4 години. Маск верува дека “нервните конци” ќе можат да им помогнат во лекувањето на луѓето со тешки повреди на главата. Процесот е веќе започнат и се смета дека може да се постигне во рок од 4 години. Според Маск интерфејсот на мозочна-машина е многу потребен за да можеме да се натпреваруваме со супер-роботите во иднината.

Со оваа револуционерна технологија човечкиот мозок ќе може да даунлодира и аплоудира мисли. Во интервју за “Чекај Но, зошто”, Маск рече: “Ако јас сакам да комуницира за некој концепт со вас, вие во суштина ќе се вклучите во консензуална телепатија.”

“Но тоа не е се оваа “Матрикс технологија” според Маск ќе биде достапна за секој за 8 до 10 години. Постојат голем број на планови и концепти во вашата глава кои што вашиот мозок ќе се потруди да ги компресира во многу мал број на можности како што е говорот или пишувањето. Ако имате два мозоци за интерфејс, вие всушност ќе можете да комуницирате со друга личност на директно концептуално ниво,” додаде Маск.

Илон на конференција за технологија од минатата година изјавил: “Вештачката интелигенција ќе биде толку усовршена што луѓето ќе треба да вградат “нервни конци” за да држат чекор со супер-роботите.”

Познато е дека Маск заедно со професорот Стивен Хокинг открија дека најголема закана за човештвото е толку вештачката интелигенција. Хокинг изјавил дека потенцијалните придобивки од овој проект се многу големи и дека оваа технолошка револуција би можела да им помогне на луѓето да ја надоместат штетата нанесена врз планетата.

Сподели на Facebook
пати видено