Будистички монах премногу лично го сфатил насловот на книгата “Калуѓерот што го продаде своето ферари”и решил да се провози со портокаловиот Nissan Silvia S15.

31-годишниот Тапанат Чаиасут бил еден ден пред заминување од строгото монаштво во Централен Тајланд, кога влегол во портокаловиот Nissan Silvia S15 во вторникот. Но веднаш штом тргнал од храмот, налетал на дрво и го уништил автомобилот.

Тапанат, кој бил облечен во портокаловата монашка наметка (да му одговара со автомобилот), имал скршена рака и неколку посекотини, а неговиот сопатник Бонуарит Пуенгчареон, 19, бил онесвестен. Тапанат и Бонуарит биле однесени во болницата во стабилна состојба.

Автомобилот бил во сопственост на пријател на монахот, кој што бил во посета. Од полицијата велат дека не било покренато обвинение против монахот. Причина за несреќата е преголемата брзина и лошиот пат. Затоа нашите свештеници си возат џипови, за да немаат проблем на вакви терени.

Сподели на Facebook
пати видено