Шетајќи го своето куче по патеката по која многупати дотогаш пешачеле, брачна двојка од Калифорнија, САД, забележале раб од стара конзерва.

„Видов стара конзерва како штрчи од земјата на патеката по која одиме речиси секој ден, долги долги години. Гледав долу во вистинското место и го видов работ на конзервата. Се наведнав и ја изгребав мовта“.

Кога ја откопале конзервата, во неа нашле еден куп златни монети.

Тоа била првата од петте лименки, секоја од нив полна со златни монети.

Набргу потоа откопале уште четири канти, во кои се наоѓале златни монети од 19-тиот век. Речиси сите 1427 монети датирале од периодот 1847-1894 година, биле нециркулирани и во совршена состојба.

Вкупната вредност на нивното богатство изнесува неверојатни 10 милиони долари.

„Тоа е како да најдете жежок компир“, велат тие. За свој застапник тие го избрале Дон Кејген, претседател на позната аукционерска куќа во Америка. Уште од 1981 година луѓе доаѓаат кај нас со една или две монети вредни неколку илјади долари, но ова е првпат некој да дојде со цела ризница закопани монети…и ова е потешко отколку да добиете на лото“, вели Кејген.

Парот се труди да останат анонимни по наоѓањето на пет лименки полни со монети. Тоа се случило минатата пролет на нивниот имот во северна Калифорнија.

„Никогаш не се надевавме дека ќе најдам нешто вакво. Како и да е, на некој чуден начин како цел живот да се подготвувам за ова“, велат тие.

Среќните пронаоѓачи планираат да ги продадат повеќеот монети, но пред тоа ќе позајмат некои од нив на Американското нумизматичко здружение за нивната Национална изложба на пари, која се отвора во четврток во Атланта.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено