Со мојот партнер сме заедно од мои 18 години, сега имам 26. Во брак сме 18 месеци и во последно време се сомневаме во верноста еден кон друг. Отсекогаш уживав да флертувам со мажите, таа обострана хемија е многу забавна. Не го бев изневерила сопругот се до пред 3 месеци. Многупати сум фантазирала како би било да бидам со друг маж, а тоа да не биде мојот сопруг.

На една забава организирана од фирмата пред Нова Година, (знам дека звучи како клише)  бакнав еден дечко. Тој е атрактивен и харизматичен, но немав никакви чувства кон него. Само ме привлече, тој беше пијан и на двајцата ни стана интересно. Тоа беше едно неверојатно бакнување, но бидејќи немавме каде да бидеме интимни не се случи ништо посебно. Следното утро се разбудив и не чувствував никаква вина, напротив бев фрустрирана зошто не отидовме на следен чекор. Целиот викенд мислев на него и како повторно да бидеме заедно. После недела дена сфатив дека тоа не беше ништо емоционално, едноставно плод на моја сексуална фантазија. Ме фати паника како тоа ќе се рефлектира на нашиот брак. Мислев дека тоа ќе ја промени љубовта кон мојот сопруг и нашиот однос.

После некое време бев отсутна од дома на две недели службено. Се вративме на вообичаената средба со пријателите, со сопругот ја зајакнавме врската уште повеќе и бевме неразделни. Дури планираме да забременам, како што  посакувавме отсекогаш.

Пред неколку дена повторно бев на вечера со двајца пријатели, вечерта мина супер и на крајот бевме летва пијани. Целата вечер флертував со еден од нив. Го познавам долги години и многу ме привлече таа ноќ. Одејќи накај дома почнавме страсно да се бакнуваме, а додека се возевме во такси почна и да ме допира по цело тело, па се криевме од таксистот и од другарот кој седеше напред и беше заспан. Утредента пак почнав со моите фантазии.

Инаку, мојот сопруг е неверојаен, мој најдобар другар и партнер. Го сакам многу и знам дека е привлечен, но не го посакувам повеќе. Можам да кажам дека сексот ни е просечен и би посакала нешто поинакво и поинтересно. Морам да напоменам дека тој ретко покажува иницијатива за да имаме односи, а би сакала тоа почесто да се случува. Сега го чувствувам како близок човек, како брат.

Мислам дека бакнувањето не е лошо, ниту неверство, би можела да бидам интимна со некој друг, само за тоа да не дознае сопругот. Веројатно нема да бидам неверна, ако тој не знае?! Дали некој од вас бил во ваква ситуација? Дали да го оставам партнерот? Односите не ни се како порано, па не знам како да постапам?

Ви благодарам

Сподели на Facebook
пати видено