Семејство кое тврди дека веќе подолг период во нивниот дом има дух на мало момче, тврди дека конечно го фатиле на фотографија, снимена на роденденот на нивната ќерка. Сели Ватс вели дека била шокирана кога ја забележала морничавата фигура како стои зад неа на фотографија, додека таа ја држи роденденската торта.

Мајката на пет деца тврди дека се работи за дух кој живеел цели 12 години со нив во старата куќа. Таа вели дека на забавата имало 5 деца, од кои три се на каучот, ќерка и Шарлот фотографира, а уште едно седи веднаш до трите деца но не е фатен на фотографијата.

Сели вели „Првин помислив дека е син ми Оли, но потоа забележав дека и тој седи на каучот. Нема никакво објаснување за ова, се обидовме да направиме реконструкција на ситуацијата без да ги исплашиме децата, но повторно немаше објаснување.“

Откако барала објаснување за појавата Сели се сетила на морничавите средби кои ги доживувале во нивната стара куќа од која се преселиле пред 5 години. Таа мисли дека духот сака да им даде до знаење дека тој сеуште е со нив.

„Никогаш не правеше нешто опасно или злобно. Тоа беа ситници. Некогаш предметите ќе се поместеа, некој ќе ме кажеше мамо, а ниту едно од моите деца не беше таму. Првин ја обвинував Шарлот. Таа имаше клацкалка-коњче, со мелодии и истото непрекинато се вклучуваше, ги извадивме батериите, но тоа продожи да свири,“ вели Сели.

Тие потоа откриле дека во нивната куќа починало 6-годишно дете, по име Мајкл, така што се лизнало од мокрите плочки и си ја удрило главата. Според Сели никој од домашните не се плашел од духот на Мајкл, но имале проблем да најдат дадилка за децата поради тоа што се плашеле од звуците.

Сали вели дека ја објавила фотографијата за да го сподели своето искуство со луѓето а не да ги убеди луѓето да веруваат.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено