Некои работи не се менуваат. Доказ за тоа се овие животни на кои ниту метеорот поради кој изумреле диносаурусите, не им можел ништо. Истрајноста на овие видови е неверојатна.

Туарата: 220 милиони години

Многу луѓе ја нарекуваат „жив диносаурус“ затоа што не се променила милиони години. Туатарата живее на островите околу Нов Зеланд и во голем број на копнени засолништа.

Потковица-рак: 540 милиони години

Овие ракови се неверојатни преживувачи кои постојат уште пред диносаурусите. Научниците постојано ги истражуваат и нивната крв се користи за тестирање на некои вакцини. Потковица-раковите се тесно поврзани со трилобити кои постоеле пред 544 милиони години.

Наутилус: 500 милиони години

Некогаш имало стотици видови на Наутилус но сега има само шест. Интересно е тоа што школката на оваа животно функционира како подморница. Таа содржи комори кои може да се полнат со гас или вода кога наутилусот треба да се нурне или да се искачи. Историските податоци покажуваат дека животните не се променеле многу во последните 500 милиони години.

Триопс ракче: 250 милиони години

Овие ракчиња не се промениле многу уште од времето кога се дружеле со диносаурусите. Еволуцијата ги опремила ракчињата со брз развој и тие созреваат од јајце до возрасна единка за само 3 недели.

Ctenophora: 700 милиони години

Цетнофорите се меѓу најстарите животни кои некогаш постоеле, со истражувања кои покажуваат дека се појавиле пред 700 милиони години. Боите на виножито кои можат да се забележат на праисториското суштество се предизвикани од расејувањето на светлината, додека се движи со помош на „чешлите“.

Коелакант: 360 милиони години

Коелакантот е еден од најстарите видови ан риба во светот, за кој се верувало дека исчезнал со диносаурусите. Но, неговото повторно откривање на брегот на Јужна Африка во 1938 година ја сменило постоечката теорија.

Слон-Ајкула: 420 милиони години

Оваа ајкула се појавија пред околу 420 милиони години и според научниот весник Nature е рбетник со најспор развој. Нејзината карактеристична муцка ја користи за лов на школки закопани во песок, и овие ајкули можат да се најдат на брегот на Нов Зеланд и Австралија.

Желки: 250 милиони години

Бавно и стабилно навистина е рецепт за победа во трката. Желките постоеле уште пред 250 милиони години, но не изгледале секогаш како што изгледаат денес. Некои од првобитните желки биле долги 3 метри и тежеле околу 2 тони.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено