Сите зборуваат дека холивудските сценарија се инфантилни и дека звучат како да ги пишувале деца. Па, изгледа дека понекогаш и навистина ги пишуваат деца. Парамаунт донел малку чудна одлука дозволувајќи му на четиригодишното дете на Адам Гудман, поранешниот претседател на студиот да ја развие приказната за нивниот следен блокбастер, кој детето го нарекло „Чудовишни камиони“, сценарио кое се врти околу замислата дека чудовишните камиони имаат вистински чудовишта во нив.

mt

Се разбира, и возрасните холивудски сценаристи доаѓале до подеднакво бизарни концепти, но Парамаунт ќе научи доста брутална лекција дека препуштањето на мултимилионски проект на дете од предучилишна возраст и не е најмудра одлука. Волстрит Журнал известува дека компанијата-родител Виаком морала да направи ревизија на приходите поради очекувана финансиска загуба од 115 милиони долари со нивниот последен сѐ уште необјавен филм.

Токму така, „Чудовишни камиони“ сѐ уште се нема појавено ни во кината, а студиото веќе прогласува дека филмот е апсолутна катастрофа. Медиумите изјавуваат дека Гудман оттогаш го напуштил Парамаунт, заедно со Боб Бејкон, директорот за анимација, а премиерата за филмот е поместена од планираниот ударен термин во летото 2015 за во јануари следната година.

Но, којзнае, можеби „Чудовишни камиони“ можеби ќе излезе и голем хит, но да повториме, тоа е проект на 4-годишно дете!

Сподели на Facebook
пати видено