Повеќето луѓе сакаат да заштедат пари секогаш кога ќе можат, но понекогаш непотребно се троши за хемиско чистење на облека, кога за тоа можете да се погрижите и во вашиот дом. Дури и кога станува збор за кожа или други незгодни ткаенини, постои испробан и тестиран метод за тоа како самите да го освежите и подновите нивниот изглед.

pr01

Фармерки

pr02

Совршениот пар фармерки се наоѓа тешко и знае да чини многу, затоа многумина упорно ги носат истите фармерки со години. За да направите вашите фармерки да траат подолго, ќе треба да ги перете поретко. Иако перењето на раце е најдобрата опција, и тоа со студена вода, доколку морате да ги перете во машина за перење, изберете студена вода на прекинувачот.

Превртете ги наопаку за да го ограничите степенот на бледеење, бидејќи превртувањето во машината може да причини да ја изгубат бојата. За да го избегнете собирањето, најдобро е да ги сушите на природен начин, на жица.

Кашмир

За нешто толку нежно како кашмирот, најдобро е перењето на раце. Наполнете ја кадата со студена вода и додадете малку бебешки шампон. Нежно чистете ја ткаенината со сапуницата. Никогаш не фаќајте пуловер од кашмир за рамениците, бидејќи така ќе го истегнете и ќе ја изгуби својата форма. Кога ги вадите од водата, кашмирните ткаенини нека ви бидат собрани во топка. Завиткајте ги во крпа за да се ослободите од вишокот вода и потоа постелете ги врз крпа и оставете ги да се исушат.

Костими за капење

Без разлика дали сте се капеле во базен или во море, костимите за капење треба да се исплакнат со студена вода веднаш потоа, со цел да се ослободите од сиот тој хлор и крем за сончање. Додадете лажичка течен детерџент во мијалникот наполнет со студена вода и придвижувајте ги гаќичките за капење во кружни движења. Исто така, избегнувајте да ги сушите на сонце, бидејќи така нивната боја ќе избледи. Наместо тоа, сушете ги внатре или на сенка.

Градници

pr03

Поради нивниот тенок и нежен материјал, како и невообичаената форма, градниците лесно се оштетуваат при перењето во машина. Затоа, најдобро е да ги перете на раце. Наполнете го мијалникот со топла вода и додадете малку нежен детерџент. Плакнете ги со кружни движења во водата и оставете ги потопени во вода пет минути пред да ги исплакните со студена вода, секој од нив поединечно. Важно е темелно да ги исплакните, бидејќи остатокот од детерџент може да ги ослабне деликатните влакна на ткаенината.

Притиснете со крпа за да го истиснете вишокот вода и не закачувајте ги за ремените, бидејќи на овој начин ќе ги истегнете.

Свила

Свилата секогаш треба да се пере на раце за да се одржи во добра форма, и притоа треба да се употребува студена или млака вода со додавање на малку благ детерџент. Потопете ја ткаенината во времетраење од пет минути и нежно истријте ги дамките. Кога ќе дојде времето за плакнење, додадете три лажички оцет. Ова ќе ги отстрани трагите од детерџент и ќе го врати природниот сјај на ткаенината. За да се ослободите од вишокот вода, никогаш не стискајте ја свилата. Наместо тоа, прострете ги свилените предмети врз крпа и завиткајте ги. Додека е сѐ уште влажна, превртете ја облеката наопаку и испеглајте ја на ниска температура. Избегнувајте пареа, бидејќи ова може да остави трага.

pr04

Кожа

За нешта како кожни јакни, се советува да се избришат со чиста влажна крпа, но кога кожните панталони ќе треба темелно да се исчистат, слободно фрлете ги во машината за перење. Потоа целосно потопете ги во топла вода и исушете ги во електрична сушалка на висока температура. Ова ќе направи да се соберат и пак да ви бидат тесно припиени за кожата кога ќе ги облечете, наместо да ви виснат како торба. Исто така, овој метод делумно ќе го одземе нивниот сјај, додавајќи суптилна мат текстура на панталоните.

Сподели на Facebook
пати видено