Лин Гологли по многу години обиди да го најде „идеалниот маж“ решила да се омажи – сама за себе. 39-годишната сама жена од Ротердам, Јужен Јоркшир во Велика Британија, споделува дека замислата ѝ дошла по гледањето на хумористичната серија „Пријатели“.

Лин тврди дека веќе нема никаков интерес да бара животен партнер, а наместо тоа да организира свадбена церемонија која ќе остане да се помни, во којашто таа е главната атракција.

„Имав многу можности во животот, но нема да изберам некого само затоа што тоа се очекува од мене за да се вклопам во стандардите на општеството.“

Лин планира и меден месец со себеси, кој ќе го мине во вечниот град Рим.

Сподели на Facebook
пати видено