Добитник на лотарија раскажува како бил жртва на домашно насилство откако по разгорувањето на неговата врска со бившата девојка откако освоил еден милион фунти.

Дваесет и осумгодишниот Мет Мајлс раскинал со неговата инструкторка за фитнес, дваесет и четиригодишната Карла Чемберлен, три недели пред да ја добие премијата на Еуромилионс, по што таа почнала да го омаловажува неговиот изглед и нивните кавги станувале сѐ понасилни.

gl01 gl02

По добивањето на богатата премија во 2014 година, тој ја напуштил својата работа како електроинженер и заминал на седуммесечно патување околу светот заедно со неговите пријатели, престојувајќи во хотел со пет ѕвезди.

Но кога се вратил дома во Хирфорд, г-ца Чемберлен, којашто исто така се натпреварува и во боди билдинг, му рекла дека сака да да ѝ даде втора шанса на нивнат врска и така тие пак станале љубовен пар

Matt Myles 09

Завчера г-н Мајлс раскажа за „табу темата“ на домашно насилство врз мажи, раскажувајќи како Чемберлен го насилнички го нападнала, по што завршиле на суд, кадешто тој кажал дека засекогаш ѝ става крај на нивната врска.

Тој вели: „Лото премијата беше најневеројатното нешто што ми се случи во животот, но иронично, ме доведе до најлошото нешто што ми се случи во животот – да претрпам домашно насилство од рацете на жената која ја сакав.“

gl04

Минатиот месец Чемберлен била казнета со 650 фунти плус судските трошоци откако била осудена за два напади и предизвикување материјална штета по нападот врз Мајлс. На судиите им раскажел како за време на тренингот во бокс пијаната Чемберлен го удрила по лице, го изгребала по вратот и го влечела по подот.

Г-н Мајлс, кој е висок 182 сантиметри, наспроти 1.73 високата Чемберлен, раскажува: „Нападот направи да се чувствувам ранлив и ми ја уништи самодовербата. Јас пет години служев во кралското здружение на електро и механички инженери, но ова направи да се чувствувам целосно немоќен“.

gl05

Чемберлен посебно силно избувнала во настап на љубомора кога добил снапчат фотографија од друга девојка. „Тогаш таа ги заби огромните акрилни нокти во моето лице, и кога ѝ кажав да престане и да се тргне од мене, таа ме удри со тупаница во лицето.“

Тој ѝ кажал да си оди и таа пичнала да го удира со тупаници, го пцуела и го зграпчила за меѓунижјето. Добитникот на лотарија сега е во врска со друга девојка, стјуардесата Таша Додс, и започнал своја компанија за развој на имот.

gl06

Според последните статистики, третина од жртвите на домашно насилство се мажи.

Сподели на Facebook
пати видено