Френис Халбек  (12) од Основното училипте Лутеран во Рокворд, Илион е спречена да посетува настава во период од три дена откако биле најдени предмети со налик на секс играчки кои таа ги продавала на часовите.

По барање на нејзиниот татко до Директорот на училиштето, таа била повикана и објаснила дека тоа се играчки змии полнети со вода. Продажбата била идеја на неколку деца од класот, кои ги продавале во добротворни цели. Цената била 1 долар од парче, купувале и парите ги собирале за да им помогнат на децата со аутизам, а притоа и за нив биле наменети, за да се смируваат кога си играат со овие змии.

Надлежните во училиштето се насмеале на идејата и ја повлекле суспензијата. Сепак во детската имагинација тие се балони во облик на змии, за разлика од возрасните кои гледаат нешто сосем различно во нив.

Сподели на Facebook
пати видено