Еден диџеј се разбудил и дознал дека купил автобус вреден 33 000 евра, после луда забава на Ибица. Дејв Литл отишол на островот на почетокот на неделава за да ужива во клубовите и баровите заедно со својата девојка Луси Марија. Со оглед на тоа што билетите за клубовите чинеле повеќе од 100 евра, тоа не бил баш евтин одмор, но не очекувал дека ќе го направи тој трошок, сепак.

ав01

Литл добил известување на неговиот телефон кое го информирало дека купил Сканија Иризар по цена од 28 500 фунти на Ибеј. Тоа било шок за г-н Литл, кој веста ја објавил на Фејсбук со коментар: Се уште не можам да верувам што сум направил минатата ноќ на Ибица. Не можам да поверувам дека ова се случува. Ибица уништува животи. Факт!!!“ пишува тој.

ав02

„Татко ми разгледувал автобуси на мојот телефон. Јас бев во еден клуб и не знам дали тоа се случило додека сум бил пијан или едноставно додека телефонот ми бил во џеб. Веднаш им напишав порака на Ибеј, за да им објаснам дека автобусот сум го купил по грешка и чекам да слушнам што ќе ми јават. Татко ми само разгледувал. Ни тој немал намера да купи автобус, па не можам да го терам тој да плати.“

Сподели на Facebook
пати видено