Извршниот директор на Амазон го зголеми своето богатсво откако Амазон се стекна со 9 милијарди долари во пазарна вредност за време на тргувањето минатата недела. Богатсвото на Џеф се мери со 75.6 милијарди долари, со што тој ги помина Ворен Бафет, директор на осигурителната компанија Беркшир Хетвеј   и Амансио Ортега, основач на шпанската компанија за модна индустрија Индитекс. Засега е на второто место, веднаш зад Бил Гејтс кој е најбогат човек на светот со богатсво од 86 милијарди Долари.

Покрај Амазон, Безос е сопственик и на компанијата за вселенски истражувања Блу Ориџин. Амазон планира да ја купи и Souq.com со што ќе ги завземе централните пазари од Блискиот Исток, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Сподели на Facebook
пати видено