Ах тој Фејсбук, сите го критикуваат, но сепак сите сите висат на него. Од една страна е забавен и лесен начин да се одржува контакт со луѓето со кои вообичаено никогаш не би имале можност да комуницирате, а од друга страна претставува информатички кошмар во кој луѓето се сведени на пазар за маркетинг. А да не зборуваме за илјадниците покани да играте некоја игра кои доаѓаат од една иста личност. Но, всушност можете да имате поголема контрола врз тоа кој може да ги гледа вашите активности отколку што си мислите. Само треба да се задлабочите малку повеќе.

1. Оневозможете ја опцијата „видено“ (seen) на Фејсбук пораките

fb01

Известувањето „видено од сите“ вообичаено се јавува во групните чатови, и може да предизвика непријатности ако не одговорите. Ако претпочитате другите да не знаат дали сте ја виделе нивната порака додека не ви се присака да им одговорите, можете да направите две нешта. Ако го користите пребарувачот Хром, можете да ја користите екстензијата Facebook Unseen кој ја блокира URL адресата која праќа известувања на Фејсбук. Ако не користите Хром, можете да ја користите екстензијата AdBlock Plus и потоа да го внесете следниот специјален филтеер: facebook.com/ajax/mercury/change_read_status.php$xmlhttprequest

2. Постирајте на Фејсбук дури и кога не сте на Фејсбук

fb02

Ако патувате и имате слаб интернет или поради било каква причина немате пристап до Фејсбук, пак ќе можете да постирате текст, видеа и фотографии. Едноставно појдете на страната за нагодување и изберете „мобилен“ од менито на левата страна. Ќе мора да го додадете вашиот телефонски број, и потоа постовите на Фејсбук ќе ги добивате на имејл. Вашата имејл адреса ќе можете да ја користите да постирате на Фејсбук дури и ако немате Фејсбук апликација на вашиот телефон.

3. Менувајте ги вашите лични информации без другите да знаат за тоа

fb03

4. Одморете се од зависниците од статуси

fb04

5. Ограничете ја можноста некои луѓе да ги гледаат обновувањата на вашиот статус

fb05

6. Прегледајте ја состојбата на вашата приватност

fb06

Сподели на Facebook
пати видено