Никогаш не сме биле поблиску до пронаоѓањето на лек против ракот, тврди водечки онколог. Д-р Ребека Кристлајт од Лондонската универзитетска болница вели дека забрзано се напредува во третманот наречен имунотерапија. Говорејќи на фестивалот Хеј он Вај, д-р Кристлајт кажа: „Веќе започнуваме да размислуваме да го употребуваме зборот `лек`. Како онколог, досега никогаш не би се осмелила да го кажам тој збор. При некои од имунотерапиите, кај некои пациенти болеста воопшто не се поврати. Од моја гледна точка, и од гледна точка на пациентите, ова е навистина возбудливо време. Имунотерапевтските лекови се нешто навистина различно.“

im01

Една од причините зошто канцерогените клетки толку брзо се размножуваат е поради нивната способност да се скријат од имунолошкиот систем. Но, имунотерапијата го буди сопствениот имунитет на пациентот за самиот да може да се избори со канцерот. Некои имунотерапии ги маркираат канцерогените клетки, со што имунолошкиот систем полесно ги наоѓа и уништува. Други го засилуваат системот да биде поефикасен во справувањето со болеста. Но, советот на Кристлајт е доколку пациентите размислуваат за имунотерапија, првин треба да се посоветуваат со својот онколог.

im02 im03

Сподели на Facebook
пати видено