Израелската компанија „Фејсепшн“ тврди дека може да идентификува терористи, педофили и покераши само со погледнување на нивното лице, благодарение на технологијата која овозможува да се препознаат особености невидливи за голо око. Од компанијата тврдат дека нивниот софтвер класифицирал како терористи девет од единаесетте терористи кои го сторија масакрот во Париз врз основа на карактеристиките на нивното лице, без притоа да внесуваат други дополнителни информации во него. Софтверот се чини толку успешен што сега се разгледува можноста за негова примена во државната безбедност.

fc

Шаи Гилбоа, главниот извршен директор на „Фејсепшн“ вели: „Ние го разбираме човекот многу подобро отколку што другите луѓе се разбираат меѓу себе. Нашата личност е определена од нашата ДНК и се отсликува на нашето лице. Тоа е еден вид знак.“

fc1

Фирмата, која била основана во Тел Авив во 2014 година, развила база на податоци која овозможува определување на карактерни особености со точност од осумдесет отсто. Фејсепшн ја покажа својата технологија за време на аматерски турнир во покер, при што предвиде кои четворица од натпреварувачите ќе бидат најдобри по пат на споредување на нивните слики со базата на податоци за професионални играчи. На крајот, двајца од тие четворица се најдоа во финалето.

fc2

Сепак, експертите изразуваат сомнеж дека оваа технологија би можела да доведе до систем опишан во филмот „Малцински извештај“, каде луѓето се ставаат под сомнение уште пред да извршат злосторство. Исто така, тие предупредуваат дека таков софтвер е само дотолку точен, колку што е точна информацијата при самото програмирање. Гилбоа вели дека компанијата никогаш нема да дозволи класификаторит кои ги предвидуваат негативните особини да бидат достапни за пошироката јавност.

Сподели на Facebook
пати видено