Во последните неколку месеци се најдени докази дека на површината на Марс некогаш имало вода, но сѐ уште останува неодговорено прашањето дали на Марс имало и живот? Научниците можеби се на чекор до одговарањето на тоа прашање со потврден одговор, по наодите на роверот Кјуриосити на НАСА. Еден од инструментите на роверот регистрирал траги од метан за кој научниците сметаат дека потекнува од организми налик на бактерии на површината на Марс – и тоа може да биде нашиот прв научно докажан контакт со вонземна форма на живот.

mars01

Ова повремено зголемување на нивото на метан – прво нагло повишување, па потоа снижување – ни вели дека мора да постои некој локален извор поврзан со него, вели Сушил Атреја од Универзитетот на Мичиген. Претходните сателитски набљудувања исто така забележале невообичаени облаци метан, но тие не биле толку невообичаени како ненадејните „испуштања“ измерени крај кратерот Гејл, кадешто наодите посочуваат дека можеби тука пред милијарди години течело вода.

mars02

Сподели на Facebook
пати видено