Тој викендов во демирхисарскиот крај снимаше видео запис за неговото првенче.
„Орото е мое авторско дело, додека за аранжманот се погрижи познатиот хармоникаш, Златко Миладиноски“ – истакна Ангелевски.

„Видео записот се снимаше на повеќе локации во Демирхисарскиот крај, меѓу кои и во село Слоештица кај валајцати, прекрасно место каде што порано се переле веленца, како што ги викаат постарите. Старата куќа која се наоѓа на тоа место ќе се реновира и ќе се отвори како ресторан. Втората локација беше во една стара куќа во селото Сопотница. Таму имав помош од КУД Илинден-Битола, голема благодарност до нив, јас сум член и таму, додека третата локација беше кај манастирот Св. Атанасиј во селото Сопотница“ – објасни Ангелевски.

Видеото беше надополнето со уште тројца момци на македонски традиционални инструменти. Петар очекува дека неговото првенче ќе биде добро прифатено од јавноста.

„Очекувам да биде топло прифатено од гледачите и од оние коишто ќе го слушнат орото. Се надевам дека ќе им се допадне моето дело кое го спремав веќе неколку месеци. Јас свирам од 14 години и немав досега направено ништо свое, па решив да направам мое дело кое ќе ми остане за во иднина“ – додава Петар.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено