Алкатраз се наоѓа во Заливот на Сан Франциско, опкружен со опасни струи, непробојни ѕидови и ќелии од кои што е скоро невозможно да се избега.

Но ова не ги сопре ограбувачите на банки Клеренс Енглин, Џон Енглин и Френк Морис да се обидат. На 11ти јуни 1962 година овие мажи го направија најпознатото и насмелото бегство во историјата.

За да избегаат од нивните затворски ќелии тие 6 месеци копале во бетонскиот ѕид на помошниот ходник кој бил оштетен од влага со помош на наострени ножици и импровизирана дупчалка од украден мотор на правосмукалка. За да ситуацијата изгледа уште по филмски, тие дупчеле додека се свирела хармоника за време на музичкиот час. Исто така да не забележат чуварите дека ги нема тие направиле три глави од сапун, хартија и коса и ги ставиле во нивните кревети.

Откако некако успеале да стигнат до водата мажите отвориле сплав на надувување кој го направиле од мантили за дожд и влегле во брзата вода за да стигнат на брегот. Од таа вечер на сите тројца им се губи трагата. Никој не знае дали стигнале безбедно до брегот или пак ги проголтала водата.

Ниту сплавот, ниту телата не биле пронајдени. Деталите за тоа како им успеало бегството и каде се тие сега останува мистерија. Внуците на Клеренс Енглин и Џон Енглин тврдат дека тие преживеале и објавиле слика за која тврдат дека е од Клеренс и Џон, неколку години по бегството.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено