Најголемата кражба во историјата на Парагвај се случи на 24 април во градот Сиудад дел Есте, каде банда од 50 лица нападна компанија која врши услуги на наплата на сметки.

Криминалците пристигнале на местото со неколку возила, меѓу кои и оклопни. Биле опремени со снајперски пушки, митралези, оружје со голем калибар и други експлозивни материјали, со помош на кои го разнеле ѕидот на зградата на компанијата. Убивајќи еден чувар и повредувајќи уште неколку, напаѓачите украле 40 милиони долари, потоа со бензин ги запалиле паркираните автомобили во околината и избегале. Според очевидците, криминалците зборувале португалски и најверојатно се од Бразил, каде што и побегнале по злосторството. Бразилската полиција влезе во престрелката со крадците во пограничната држава Парана. Криминалците успеале да избегаат, а при престрелката животот го загубиле тројца нивни членови.

Сподели на Facebook
пати видено