95-годишната Џоан Хауард гордо ја покажала нејзината колекција од артефакти за локален весник во Австралија, без да биде свесна дека приказната ќе предизвика контроверзии низ целиот свет. Сега многу луѓе се прашуваат како жената со нов прекар „Индијана Џоан“ добила дозвола да ги извршува своите активности во текот на многу години и колкав дел од нејзината колекција е незаконски стекнат.

Како сопруга на дипломат од ОН, од „Западна Австралија“ објавиле дека г-ѓа Хауард имала врски што ѝ дозволиле пристап до локации низ Сирија, Египет, Либан, Јордан, Палестина и Израел, цели 11 години. Таа собирала разни предмети кога се пријавувала за археолошки ископувања во 1960-тите и 1970-тите години.

Според Би-Би-Си, колекцијата артефакти на г-ѓа Хауард се проценува дека вреди повеќе од еден милион долари (571.000 фунти). Некои од предметите од нејзината лична колекција, кои биле истакнати од медиумите, се: египетска погребна маска, финикиско и римско оружје, 40 000-годишна неолитска глава од секира и разни монети, печати и накит.

Од „Западна Австралија“ г-ѓа Хауард го добива прекарот „Индијана Џоан“ за возбудливата природа на тоа како ги добила артефактите. Видеото со г-ѓа Хауард ја опишува како ги полни кофите во темни гробови додека била опкружена со скорпии. Ризичната природа на нејзиното откопување на гробови достигнала врв кога ја раскажува приказната за тоа како еден куршум ја промашил нејзината глава и малку ѝ ја изгорел косата.

Археологот Др. Моника Хана критикувала дека: „Холивудскиот тон на статијата на нејзиното фалење за уништувањето на археолошките локалитети испраќа многу негативна слика. Ограбување на гробовите не е археологија. Тоа е неетичко и не треба да се прославува.“

Во текстот на „Западна Австралија“ пишувало дека Џоан ги зела артефактите од земјите во време кога било легално за неа да го стори тоа, а и велат дека донирала некои артефакти во локалниот музеј. Сепак, постои дебата за правната природа. БиБиСи Њуз споменува дека Египет има национален закон за заштита на своите антиквитети од 1880-те и многу други локации од каде што произлегуваат артефактите на Хауард, имале слични закони уште од 1950-тите.

Меѓутоа, конвенцијата на УНЕСКО во врска со недозволената трговија со културни добра не била ставена во сила до 1970 година и тоа се чини дека е најважното прашање за Австралиското Министерство за надворешни работи и трговија, од каде што велат дека ќе го разгледаат прашањето.

Освен правна загриженост изразена од д-р Хана, генералниот директор на Одделот за откриени антиквитети на Египетскиот Врховен совет за антиквитети, Шабан Абдел Гавад, изјавил дека египетското министерство за надворешни работи, исто така, побарало истрага за колекцијата на г-ѓа Хауард. Тој изјавил: „Сакаме да истражиме како овие парчиња нелегално излегле од Египет“.

Од своја страна, г-ѓа Хауард веќе одлучила дека најголемиот дел од нејзината колекција ќе „оди некаде каде што ќе биде целосно ценета и разбрана“ кога таа ќе почине. Сепак, точната локација, не е позната.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено