Истражувачите се обидуваат да ја разоткријат хорор-приказната од масакрот на брегот на Шведска од 5-тиот век. Сега тие открија нов елемнт во приказната- златни монети и прстени. Но дали ова откритие ќе помогне да се откријат деталите за големото насилство кое стои зад оваа мистерија?

Човечки остатоци излегле на површината на Сандби Борг на островот Оланд во 2010 година. Оттогаш, археолозите се обидуваат да разберат што се случило на местото пред повеќе од 1.500 години. Масакрот бил толку екстензивен што археолозите само можеле да го проценат бројот на смртни случаи- стотици. Некои од бруталните егзекуции сугерираат морбидна промена на римската традиција на закопување воини со монети во нивните усни, поединци биле пронајдени во Сендби Борг со заби од кози и овци ставени во нивните усни. Хелена Виктор, водачот на проектот, изјавила дека овие лица добиле „понижување полошо од смртта“.

„Мислам дека на некој начин биле нападнати, а луѓето трчале во куќите каде што ги убивале и тие немале никакви шанси. Тоа е повеќе замрзнат момент отколку што вообичаено се гледа во археологијата … Се случило нешто страшно, и сè застанало во место.“, изјавила Хелен Вилхемсон, истражувач од Универзитетот Лунд во Шведска.

Хелена Виктор го повтори ова во нејзината неодамнешна дискусија: „Телата лежат како што биле оставени, така што немало погребувања и времето е замрзнато.“ Ова укажува на тоа дека нападот бил ненадеен и брутален. Неодамна откриената монета ја потврдува претходна хипотеза дека жителите на островот биле во контакт со Римската Империја. Императорот Валентин III, кој владеел меѓу 425 и 455 година, е прикажан на едната страна од монетите.

Монетите не се едниственото богатство пронајдено на островот, истражувачите исто така пронашле прстени, сребрени ѕвона и мониста направени од килибар. Тоа е невообичаено, затоа што се поставува прашањето: „Зошто не било местото ограбено?“ дури и добитокот бил затворен и оставен да умре од глад. Ова е прилично бизарно за период во кој ресурсите на островите биле високо ценети.

Исто така мистеријата се продлабочува кога биле пронајдени два женски прстени, но не биде идентификувани женски остатоци на местото. Истражувачите сугерираат дека богатството го поттикнало масакрот во Сандби Борг, не за кражба, туку можеби затоа што богатите жители се сметале за закана поради нивното богатство и влијание. Можеби никогаш нема да знаеме за сигурно.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено