Кога Кејтлин Нилсен ѝ кажала на својата учителка од градинка дека кога ќе порасне сака да биде сирена, другите деца ѝ се смееле. Но, сега 32-годишната Кејлтин го живее својот сон: таа е дел од „тајна“ заедница на луѓе кои се идентификуваат како половина луѓе-половина риби.

Кејтлин долго време сакала да стане сирена и гледањето на Дизниевиот филм „Малата Сирена“ не ѝ олеснало многу во поглед на нејзината желба. Така во 2015 година таа како дипломиран биолог ја напуштила својата работа за да може целосно да се сосредоточи на нејзината вистинска амбиција – да биде сирена.

Под нејзиниот псевдоним „Сијанеа“ таа заработува за живот организирајќи работилници за сирени и изработувајќи величествени силиконски опашки. Но, за неа – и за многу како неа – тоа е повеќе од вештачка опашка: тоа е дел од неа и таа го нарекува тој дел „протетски екстремитет“.

„Навистина чувствувам дека мојот опаш е дел од мене, и навистина го чувствувам како протетски екстремитет“, вели таа. „Понекогаш се шегувам дека носам протеза бидејќи сум родена со ужасен дефект – со нозе. Кога не ја носам опашката се чувствувам малку чудно. Одеднаш имам нозе и не знам што да правам со нив. Се чувствувам крајно несмасно.“

Во Америка расте заедницата на сирени кои себеси се идентификуваат како сирени и голем дел од своето време минуваат украсувајќи силиконски опашки чијашто цена може да достигне до 3500 долари и да одземе цела година за нивна изработка. Исто така, голем дел од своето време минуваат во пливање во море или пливачки базени и присуствуваат на собири ширум САД.

sr01 sr02 sr03 sr04 sr05 sr06 sr07 sr08

Сподели на Facebook
пати видено