Ник Стафорд, жител на американскиот град Сидар Баф, го платил својот данок со 762 килограми монети. Претприемачот од државата Вирџинија го исплатил својот долг кон државата на толку чуден начин бидејќи бил огорчен од чиновниците. „Побарав да ми го дадат телефонскиот број на чиновникот кој е одговорен за регистрацијата на моторните превозни средства. Ме одбија. Откако се вмешаа и медиумите во случајот, ми дадоа еден број, но кога се јавив, оттаму ми одговорија дека не можат да ми помогнат“, раскажува тој.

mn01

„Кога дојде денот за плаќање на локалниот данок, решив да ги земам нештата во свои раце. Натоварив 300 000 монети во колата и ги донесов во службата. Таму луѓето кои ги најмив ги однесоа трите илјади долари со помош на четири рачни колички и ги дадоа во локалниот трезор. Чиновниците мораа да ги примат парите, бидејќи според федералниот закон, монетите се законски признато платежно средство“, дополнва Стафорд.

mn02

На чиновниците им биле потребни седум часа да ги пребројат парите, известуваат медиумите.

Сподели на Facebook
пати видено