Животните живеат заедно со нас на оваа планета, а некои од нив се толку блиску до нас што ги нарекуваме нашите најдобри пријатели. Тие стануваат голем дел од нашиот живот и семејство. Понекогаш тие нè спасуваат од најлошото. Ова се приказни за 7 животни кои се однесувале како вистински херои. Исто така тука можете да ги погледнете животните кои биле спасени од страна на луѓето.

7. Коњот Кери

Врската меѓу луѓето и коњите може да биде многу силна. Фиона Бојд, земјоделец од Англија, мислела дека бесната крава ќе ја убие, но Кери, нејзината кобила, дотрчала и ја спасила. Кери галопирала кон кравата и ја туркала се додека кравата не се тргнала. Фиона верува дека доколку Кери не и помогнала, бесното животно би ја убило.

6. Кучето Леала

Кучето по име Леала го спасило својот мал сопственик од давење во брана. Семејството Брокбанкс било на излет кога забележале дека малиот Дејвид исчезнал. Тогаш ја слушнале Леала како лае и ги води во еден правец. Кога пристигнале до местото го виделе малото момче во водата со лицето свртено надолу. Веднаш било однесено во болница и успеало да преживее.

5. Свињата Лулу

Лулу добила награда за „животно херој“ откако ја спасила својата сопственичка од срцев удар. Во 1998 година Џоен Алтсман била во својата приколка со кучето Бер и свињата Лулу. Кога почувствувала дека ќе се онесвести Џоен фрлила часовник од прозорецот за да забележи некој од соседите, но не успеала во намерата. Кучето Бер исто така лаело, но никој не дошол да и помогне на жената. Тогаш Лулу излегла надвор си ја повредила ногата, излегла на патот, легнала на земјата и се преправала дека е мртва, кога еден возач застанал Лулу станала и го однела во приколката на Џоен. Така човекот повикал Брза помош и жената била спасена.

4. Слонот Нинг Нонг

Кога ужасното цунами се случило во 2004 година, 8-годишната Амбер Овен била со нејзините родители на Тајланд. Таму таа се спијателила со 4-годишно слонче по име Нинг Нонг. Кога водата почнала да се повлекува Амбер не знаела што се случува, но слонот почнал да се оддалечува од водата. Кога Амбер се качила на грбот на слонот тој веднаш ја однел кај нејзините родители и го спасил детето од фаталниот удар кој пристигнал неколку минути подоцна.

3. Горилата Џамбо

Јамбо е уште еден херој, тој во 1986 година го спасил Левон Мередит. Левон бил во посета на зоолошката градина со своите родители кога се лизнал и паднал во јамата со горила. Џамбо веднаш го заштитил момчето и не дозволувал никој од групата да му пријде или да му наштети. Додека момчето лежело неподвижно со лицето кон бетонот Јамбо го галел по грбот во обид да го разбуди. Потоа вработените влегле и го однеле момчето во болница. Џамбо дури добил и споменик во зоолошката градина во Џерси.

2. Мачката Вини

Вини скокнала на креветот на нејзиниот сопственик а потоа и на неговите гради гласно мјаукала и скокала се додека сопственикот не се разбудил и не повикал полиција. Доколку не била храбрата мачка семејството Кеслинг би настрадало од труење со јаглерод моноксид.

1. Спасувачки делфини

Тод Ендрис, кој тогаш имал 24 години, преживеал напад на бела ајкула во Калифорнија во 2007 година. Неговите спасувачи биле делфини кои создале „ѕид“ меѓу Тод и ајкулата. Ова го спасило животот на Ендрис, но сепак добил голема лузна на грбот. За жал, Ендрис загинал во сообраќајна несреќа во 2016 година.

Сподели на Facebook
пати видено