Секојдневно слушаме за катастрофи, несреќи и трагични судбини, ваквите вести на некој начин ја убиваат надежта кај луѓето дека во животот се случуваат и добри работи. Овие пет неверојатни приказни од животите на „обичните луѓе“ се доказ дека во овој свет не е сè толку црно.

5. Млада спортистка обожува олимписка златна медалистка, за која подоцна дознава дека и е сестра

Величенствената седморка бил женски тим во атлетика на Летните олимписки игри во 1996 година. Меѓу нив била и Доминик Мокану, која само на 14 години станала најмладиот член на тимот. Како и повеќето девојки во 90-тите, Џенифер Брикер била инспирирана од високо рефлективниот успех на Доминик. За разлика од повеќето девојки во 90-тите, Џенифер одлучила да направи нешто со тоа инспирација: Таа тренирала и напредува во гимнастиката, станувајќи шампионот на Илиноис, по што се натпреварувала и во детските олимписки игри на AAU. Денес таа е успешен акробат и танчер, а дури и настапувала со Бритни Спирс.

Дали споменавме дека Џенифер се родила без нозе?

Тоа е навистина неверојатно, но тоа не е крајот на приказната. Џенифер била дадена на посвојување од нејзините родители, Романци имигранти, наскоро по раѓањето. Доминик исто е родена во семејство на романски имигранти и поради тоа Џенифер чувствувала толку силна врска кон познатата гимнастичарка. Кога наполнила 16 години, сметајќи дека е доволно голема за да ја понесе вистината, таа ја прашала мајка си за биолошките родители. Потоа открива дека нејзините вистински родители и вистинските родители на Доминик се истите луѓе. Жената на која ѝ се восхитувала е нејзината сестра. По неколку писма, тие две се запознале и го надоместиле изгубеното време.

4. Педијатар спасува бебе, тоа му ја враќа услугата (30 години подоцна)

Кога Крис Троки се родил предвреме, тој тежел едвај 1450гр. Неговиот педијатар, д-р Мајкл Шенон, останал заедно со него додека не зајакнал. Троки преживеал. 30 години подоцна, д-р Шенон возел по автопатот во округот Оринџ кога камион удрил во неговиот автомобил. Токму пред сè да заврши во пламен, болничар го извлекува од автомобилот.

Болничарот бил Крис Троки, кој сега имал 30 години. Иако Шенон се здобил со тешки повреди од несреќата, кога закрепнал станал педијатар на синот на Крис.

3. Куче се враќа кај сопственици еден ден пред да биде еутаназирано, по 10 години, откако исчезнало

Кога Сион Кокс добил повик дека неговото куче е пронајдено, тој не бил среќен, туку едноставно збунет. Погледнал во дневната соба на неговата мајка и видел дека и двете нивни кучиња се дома. По телефон Кокс разбирал дека кучето се вели Шанс – бултериер, кој исчезнал од домот на Кокс во Велс, пред 10 години.

Кога Кокс отишол да го земе кучето му кажале дека наредниот ден требало да биде еутаназирано. Кога Шанс го видел Кокс, скокнал во неговите раце како да го видел вчера.

2. Вдовец губи спомен од покојната сопруга, но го открива случајно во метрото 5 години подоцна

Во 2009 година, седумдесетгодишниот Питер Билело и неговата сопруга Грејс направиле нешто многу слатко. И двајцата потпишале банкнота од 1 долар, која потоа ја чувале во паричникот како сеќавање за нивната долгогодишна љубов. Една година подоцна се случила трагедија: Питер по грешка платил во продавница со доларот потпишан од неговата сопруга. Потоа се случува вистинската трагедија, Греј починала од рак.

Во 2015 година, Питер ја однел внука си на ручек во Subway. Откако платил со 10 долари за сендвичи, добил 3 долари кусур. Кога ги погледнал банкнотите тој е можел да си поверува на очите. Пет години откако тој го поторшил доларот на неговата сопруга, повторно се вратил кај вистинскиот сопственик.

1. Брачен пар, се запознал како тинејџери а потоа откриле дека имаат „заедничка“ фотографија од детството

За време на посетата на Walt Disney World во 1980 година, Дона Вустинас имала само 5 години. Таму таа позирала за слика со својот брат. Сега забележете ја количката во позадина. Се движиме напред. Свршените Дона и Алекс, само една недела пред свадбата разгледувале стари фотографии за свадбеното видео, кога се соочиле со горенаведената слика. Алекс занемел. Човекот со количката е неговиот татко. Не само тоа, туку бебето во количката е и самиот Алекс.

14 години пред да се запознаат – Алекс е роден во Канада, а Дона во Флорида – и двајцата биле на истото место на истата фотографија. Сега се во брак повеќе од 10 години и Алекс и Дона сакаат да ја рекреираат старата слика со нивните три сина.

Сподели на Facebook
пати видено