Својствено е за луѓето да бараат одговори и да се обидат да ги објаснат најмистериозните околности. На интернет секојдневно се среќаваме со секакви видови на мистерии, а некои од нив заслужуваат и филмска интерпретација.

Полин Пикард

Во 1922 година, 2-годишната Полин Пикард исчезнала од семејна фарма во мало француско село. Кога нејзините родители ја изгубиле сета надеж, таа е на околу 300 километри. Чудно, но Полин не ги препознава нејзините родители, но тие и нивните соседи ја идентификувале. Сè изгледало добро, а еден месец подоцна, еден од соседите пронашол внимателно наместена облека до осакатен труп на дете(лицето било изедено од лисици), а до трупот имало глава на непознат маж, пронајдени во близина на имот на Пикард. Облеката била онаа која што Полин ја носела на денот на исчезнувањето. Не било откриено на кого припаѓала главата и кое е малото девојче кое останало да живее со семејството Пикард.

Исчезнувањето на Ешли Фримен и Лаура Библ

Во декември 1999 година во Оклахома, по повод нејзиниот 16-ти роденден, Ешли Фримен ја поканила нејзината најдобра другарка Лаура да спијат во нејзиниот караван. Тогаш девојките биле видени за последен пат. Караванот бил запален, а родителите на Ешли биле пронајдени мртви внатре, секој со куршум во главата. Девојките никогаш не биле пронајдени.

Дани Фримен, татко на Ешли, му кажал на својот брат дека доколку нешто му се случи, треба да го истражи шерифот на Крег Каунти. Синот на Дани, Шејн, бил убиен од заменикот на шерифот откако украл камион. Дени требал да го тужи непосредно пред трагичниот пожар.

Близначките Полок

На возраст од 11 и 6 години, во 1957 година, Џоана и Жаклин починале трагично откако биле прегазени од автомобил додека ја преминувале улицата за да стигнат до црквата. Една година подоцна нивните родители добиле близначки и едната од нив ги имала истите лузни како нејзината почината сестра Жаклин. Како што растеле близначките се развивале токму на истиот начин како и нивните починати сестри. Тие препознавале места на кои што никогаш не биле (но нивните сестри биле) и сакале да одат во истото училиште во кое оделе нивните починати сестри. За да биде уште поморничаво во една прилика додека се играле, едната од нив глумела дека умира и другата и рекла: „Крвта тече од твоите очи. Таму те удри колата.“

Исчезнувањето на Фредерик Валентиќ

Во октомври 1978 година, Фредерик Валентиќ, кој летал од Мелбурн, Австралија на пат кон Островот Кинг, на 200 километри од таму се јавил кај контролорот за летови и прашал дали има друг авион околу него. Тие негирале, но пилотот бил уверен дека видел летечки објект. На прашањето дали е авион, тој рекол дека имал облик на пура со светла, а неговите последни зборови биле „не е авион“. Седум минути подоцна, авионот ја губи радио-врската и повеќе никој не го видел Фредерик. Истиот ден биле забележани уште неколку НЛО.

Божиќна трагедија од Содер

Татко на 10 деца во Западна Вирџинија набљудува како куќата му гори на Божиќ во 1945 год. Откако и помогнал на сопругата и на неговите четири деца да избегаат од огнот, се вратил да им помогне и на останатите. Открил дека скалата која што секогаш стоела на задниот дел од куќата ја немало, дождовницата од резервоарот се претворила во мраз, а неговиот камион не сакал да запали. Тој бил принуден да гледа како пет од неговите деца, на возраст меѓу 5 и 14 години, умираат. Но, кога пожарот стивнал внатре во куќата не биле пронајдени остатоци од телата на децата. Повеќе од 20 години подоцна, во 1968 година, пристигнал плик по пошта со слика на млад човек кој личел на еден од неговите синови, но сега тој бил возрасен. Неговото име, Луис Содер, било испишано на грбот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено