40 научници ќе тргнат на првото патување во источниот амбис на Австралија. Тие ќе патуваат на длабочина од 4.000 метри и таму ќе останат еден месец, со цел да го истражат животот на овие длабочини. Се појавија фотографии од суштествата кои ги чекаат таму за кои што слободно можеме да кажеме дека изгледаат како чудовишта од кошмарите.

„Бездната е најголемото живеалиште на планетата, покрива половина од светските океани и една третина од морската територија на Австралија, но ние знаеме многу малку за неа“, вели д-р О’Хара.

Амбисот е длабок 6.000 метри што е осум пати подлабоко отколку што може да се спушти американска нуклеарна подморница. Научниците ќе користат најсовремена технологија за оваа истражување.

Животните од длабочините постојат на планетата околу 40 милиони години, но до неодамна само мал број на примероци се собрани од бездната во Австралија.

Суштества биле принудени да се прилагодат на исклучително тешките услови; живеалиштата се ладни, темни и имаат мала количина на  храна, а тука е и притисокот на дробење.

Сподели на Facebook
пати видено