35-годишна жена била заклана од нејзиниот маж во нивниот стан во Сиднеј поради тоа што таа станала христијанка. Против Амир Дарбану е покренато обвинение за убиство на неговата жена Насрин Абек, откако нејзиното тело било најдено во нивниот стан во богато предградие во Сиднеј, Австралија. 42-годишниот Иранец наводно збеснал кога Абек решила да стане христијанк, по што ја убил својата сопруга со нож.

Полицијата го откриле грозоморниот чин кога насилно влегле во нивниот дом откако таткото на несреќната жена се загрижил за неа. Дарбану наводно му се јавил на својот тест во Иран и му кажал дека Абек е мртва. Таткото на убиеаната вели дека неговата болка е уште посилна поради фактот дека морал неколку пати да се јавува во полиција за тие да дејствуваат.

Полицијата известува дека дотогаш не било забележано семејно насилство кај тој брачен пар кој четири години живее во Австралија, но соседите раскажуваат дека во ноќта во среда, кога се случило убиството, слушнале врисоци од нивниот стан.

ir01 ir02 ir03 ir06 ir05

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено