Човек со „микропенис“ долг 2,5cm вели дека неговото едно и единствено сексуално искуство од пред дванаесет години било толку понижувачко што веќе никогаш повеќе не се впуштал во љубовна врска. Искуството – за време на кое жената се смеела и постојано го прашувала „влезе ли?“ за време на сексот – му оставила таква емоционална лузна што воопшто не се осмелил да проба пак. 35-годишниот маж вели дека бил „длабоко засрамен“ од својот пенис и ги повикува луѓето да бидат повнимателни со негативните коментари за телото и кон мажите.

sm01

Тој вели дека неговиот пенис е нешто подолг од 2,5 сантиметри во ерекција, а во нееректирана состојба личи на две зрна суво грозје едно врз друго. Тој вели дека „длабоко се срами“ од својот пенис – делумно затоа што слушнал како жени ја исмеваат големината на машките полови органи.

„Еднаш слушнав три или четири мои колешки на работа како сите се согласуваат дека мажите со мал пенис би требало да носат знак кој би ги предупредил жените“, вели тој.

Опишувајќи го своето едно и единствено сексуално искуство со многу привлечна студентка, тој вели дека тоа имало поразителни последици врз неговата самодоверба.

„Кога се соблеков, таа се загледа во мојот микропенис, се закикоти и си ја стави раката на уста, промрморувајќи само `ОК` со тон кој покажуваше дека била изненадена.

sm02

А кога дојде до чинот, првин увидов дека кондомот не можеше да остане на него, но уште пофрустрирачко беше тоа што мојот микропенис постојано испаѓаше секогаш кога се обидував да пенетрирам. Дури и кога бев во неа, таа постојано прашуваше – Влезе ли? – секогаш кога ќе ме прашаше тоа, посакував да умрам. Беше јасно дека таа не чувствува ништо од искуството.“

И покрај тоа што многу се трудел да ја задоволи жената, вели дека изгледало дека воопшто не ужива, и на крај воздивнала нервозно и станала. Потоа му паднало жал за неа, по што изодил три километри до нејзиниот дом за да ѝ однесе кутија со чоколадни бонбони како благодарност за интимноста и како извинување. Но, потоа зажалил за тој гест кој направил да се чувствува како „губитник“.

Тоа искуство го одвратило од помислата пак да биде интимен со жена. „Ако почнев да барам љубов, тоа само ќе направеше да се чувствувам потиштено, а јас потајно веќе се мачев со депресија и анксиозност. Не ми е потребно такво понижување и болка“, споделува човекот.

Сподели на Facebook
пати видено