Не сакаме да западнеме во некаков нихилизам, но сепак ние сме само мали прашинки кои живеат на нешто поголема прашинка во огромната Вселена исполнета со безброј планети како нашата. Овие фотографии ќе ви го прикажат тоа во соодветна перспектива.

Оваа фотографија направена на надморска височина од 38.000 метри го прикажува целиот калифорниски брег. Иако на земјата тој изгледа голем, од оваа височина е сликан во еден кадор со помош на Canon PowerShot A560.

вс01

Триесетчлениот екипаж на Интернационалната вселенска станица во 2012 ја снимил оваа фотографија на Земјата. На неа се гледаат Ирска и Велика Британија.

вс02

Оваа фотографија е најјасната снимка на нашата планета на оддалеченост од 700 километри од земјината површина. Се гледаат Северна и Јужна Америка.

вс03

Ние сме само прашинки кои живеат на оваа малечка сина точка во незамисливо големата вселена. Овие фотографии се првите „портрети“ на сончевиот систем, направени од Војаџер во 1990г. на 6.5 милијарди километри од земјата.

 вс06

Поглед на Земјата од Нептун. Да, таа мала точкичка, тоа сме ние.

вс07

Во споредба со Земјата, сонцето е чудовиште кое е речиси милион пати поголемо од нашата планета. На сликава се гледа како Венера минува пред огнената ѕвезда. Ова минување е забележано во 2012, и нема да се повтори сѐ до 2117г.

вс08

Вака изгледа изгрејсонцето на Марс.

вс09

Седна е најоддалечениот објект во нашиот систем. Земјата не се ни гледа од тука. Оваа планета џуџе е на трипати поголема оддалеченост од Земјата, отколку што Земјата е оддалечена од Плутон.

вс10

Потоа, тука се и црните дупки, кои можат да достигнат големина на 100 сонца. Стрелец А’ е огромната црна дупка во нашата галаксија, еквивалентна на 4.3 милиони сончеви маси.

вс11

Низ целиот универзум, т.е. во делот од него кој ни е познат постојат милиони црни дупки.

вс12

Една галаксија како нашиот Млечен пат може да содржи милијарди планети и ѕвезди. Нашата планета не е ништо особено, освен фактот дека сега за сега е единствената позната планета на којашто има живот.

вс13

А во вселената постојат милијарди галаксии. Оваа фотографија прикажува галаксија во соѕвездието Мала Мечка.

вс14

Сите овие мали точки се ѕвезди. Меѓу нив е и нашето сонце, коешто исто така не е меѓу најголемите. Најголемата позната ѕвезда во вселената е милијарда пати поголема од сонцето околу кое кружиме.

вс15

И нашата галаксија не е меѓу најголемите. Соседната галаксија Андромеда е два пати поголема од Млечниот пат. И двете се џуџиња во споредба со IC 1011, која е на 350 милиони светлосни години оддалеченост од Земјата.

вс16

На овие слики направени од НАСА се гледа длабочината на познатиот универзум. На нив се гледаат галаксиите, како мали дамки кои содржат милиони ѕвезди и планети. Колку е голема вселената и дали е бесконечна? Никој не знае. Не се знае ни дали е само една.

вс17 вс18 вс19 вс20

Сподели на Facebook
пати видено