Без разлика дали се родени со необични атрибути или пак развиле уникатни способности, сите животни се посебни на свој начин. Овие неверојатни мачки и кучиња добиле свое место во Гинисовата книга на рекорди.

1. Најдолг јазик

Мочи е сладок Бернандинец кој го држи рекордот за најдолг кучешки јазик, кој изнесува 18,5 сантиметри. Мочи има проблеми кога треба да земе нешто со устата, како и проблеми со дишењето, но сопствениците Карла и Крег се тука да помогнат. Пред Мочи најдолг јазик имал боксерот Бренди, долг повеќе од 30 сантиметри, но Бренди починал во 2002 година.

2. Најмногу тениски топчиња во уста

Ауги, 8-годишен златен ретривер го држи рекордот за држење на најмногу тениски топчиња во устата. Тој успеал да стави 5 топчиња во устата.

3. Најдолгата мачка

Луде е најдолгата мачка во светот со 118,2 сантиметри. Неговата сопственичка Келси вели дека нема проблем да го пронајде во куќата.

4. Фаќање фризби

Многу кучиња фаќаат фризби, но 6-годишната Роуз, која е мешанче од лабрадор, може да фати 7, фрлени едно по друго, без да испушти ниту едно од нив од устата.

5. Највисокото куче

Феди е висок малку повеќе од еден метар кога е во седечка положба. Тој ја добил титулата за највисоко куче откако неговиот претходник Зевс починал.

6. Најмалото куче (висина)

Мили, женска чивава, е висока само 9 сантиметри. Кога се родила во 2011 година била толку мала што морале да ја хранат преку шишенце за капки за очи.

7. Првата мачка со бионски нозе

Оскар е првото животно кое добило бионски импланти за нозе. Неговите нозе биле случајно исечени од комбајнер за време на жетва.

8. Пукање на балони

Твинки многу сака да пука балони. Толку многу што тој го држи светскиот рекорд за најбрзо пукање на 100 балони. Тој успеал да го направи тоа за 39.08 секунди.

9. Највисок скок

Пепелашка успеала да скокне 172,2 сантиметри во воздухот на натреварот за кучиња во 2006 година. Пепелашка исто така „работи“ и како терапевтско куче.

10. Најстарото куче

Блуи го држи рекордот за најстарото куче во светот. тој живеел 29 години и 5 месеци. Лес Хал од Австралија го добила Блуи на подарок како мало кутре во 1910 година, а тој починал на 14 ноември 1939 година.

11. Највисока мачка (домашна)

Арктурус е висок 50 сантиметри и неговите сопственици Лорен и Вил мора да му купуваат кревет за кучиња како и врата за кучиња за да може Арк удобно да се чувствува и да излегува од куќата.

12. Балансирање на чаша со вода

Свитпи го има можеби најчудниот рекорд од оваа листа. Тој е кучето кое направило најмногу чекори (10 чекори), одејќи надолу и притоа носејќи чаша со вода. Тој исто така го држи и рекордот за најбрзо чекорење на 100 метри со балансирање на конзерва на главата (2 минути и 55 секунди).

13. Најгласно предење

Кога мачорот Мерлин е среќен сите се свесни за тоа. Тој преде со 67,8 децибели. Тоа е исто како звукот од машината за миење садови.

14. Најбрзо возење на скејтборд

Џампи возел 100 метри за 19,65 секунди на скејтборд за време на снимањето на  „Официјално неверојатни“ во 2013.

15. Најголем број на кучиња кои скокале јаже

Овие 13 кучиња кои скокаат јаже во „Супер Ван Ван“ циркусот во Јапонија го држат светскиот рекорд во оваа „категорија“.

Сподели на Facebook
пати видено