Додека големите брендови се во војна со нелегалните копии, клиентите сè уште не можат да му одолеат на искушението да купат лажни производи, се разбира, за помалку пари од оригиналите. Сепак, најлошото е кога измамниците продаваат евтина стока по висока цена, убедувајќи ги купувачите дека е оригинална. Овие 11 брендови се едни од најчесто копираните, но се и прилично скапи, затоа доколку купувате нешто од следнте брендови обрнете внимание на следните знаци.

11. MAC Козметика

Оригиналните производи на МАС се продаваат во пакувања со мали ситни честички на површината, додека копиите се во обични пакувања. Проверете го целосното име на производот на веб страницата на производителот. Исто така МАС логото секогаш се наоѓа на средината од производот додека на копиите може да се најде поблиску до врвот или до дното на пакувањето.

10. UGG чизми

Проверете ја земјата во производство. UGG е регистрирана трговска марка која припаѓа на американската компанија Deckers Outdoor Corp. Оригиналните UGG се произведуваат само во овие 3 земји: Кина, Виетнам и САД. Налепницата на кутијата со QR-код и ознака со QR-код се најефикасните начини за заштита од фалсификати. Се што треба да направите е да го скенирате QR кодот користејќи посебна апликација на вашиот телефон за да бидете сигурни дека имате оригинален производ. Ако чевлите се оригинални, автоматски ќе бидете пренасочени на официјалната страница, која ќе каже дека сте купиле вистински UGG производ.

9. Michael Kors чанти

Металното лого на Michael Kors чантите треба да одговара со останатите метални делови. Чантите се произведуваат во Кина, Виетнам, Индонезија и Турција. Измамниците можат да ви кажат дека торбата била направена во Италија, Франција или САД.

Од 2015 година, компанијата стави ознака со 10-цифрен број внатре. Тоа може да ви каже бројот на моделот и бројот на пратката. Овој код можете да го проверите на официјалниот веб-сајт. Исто така постои и кожна ознака во внатрешниот џеб што одговара на бојата на торбата.

8. PANDORA производи

Стандардниот производителски знак на производите на PANDORA се 3-те букви ALE, кои стојат за Алгот Еневолдсен, основачот на PANDORA. Ако купувате нараквица, погледнете го натписот ПАНДОРА. Фонтот треба да биде јасен. Посебна карактеристика од 2008 година е круна над буквата „О“. Од 2011 година, Пандора додаде големи букви во врска со квалитетот на благородни метали со следнава ознака за чистота: „S“ за сребро (S925) и „G“ за злато (14 каратно злато – G585, 18 каратно злато – G750) .

7. Zippo запалки

Вистинска Zippo запалка прави карактеристичен клик. Оригиналните Zippo запалки имаат печат на дното, што докажува дека е вистинска Исто така, помага да се одреди датумот кога е направена запалката. Испитајте го осигурувачот: оригиналните Zippo осигурувачи се направени од полимер и тие секогаш имаат метална нишка. Лажните запалки имаат поевтини ниско-квалитетни осигурувачи.

6. Timberland чизми

Производителот секогаш прицврстува ознака од велур на десната чизма на пар Timberlands. На оригиналната ознака има лого и натпис „Гарантирано водоотпорни“. Исто така е многу важно да се испита самиот лого, кое се прави со горење на надворешниот дел од чизмата.

5. Beats слушалки

Оригиналните кутии имаат сериски број отпечатен на налепницата, која се наоѓа на дното на секоја кутија. Фалсификатите немаат налепници, а бројот обично се печати само на кутијата. На слушалките, треба да има името на брендот: Beats. Тоа мора да биде на слушалките и жицата и мора да биде врежано и лесно да се чита.

4. Adidas патики

Сериските броеви на десната и левата патика мора да бидат различни. Логото на оригиналните патики мора да биде врежано.На многу класични модели, воопшто нема дупки на јазичето, а сите лажни ги имаат. Во овој случај, проверете го производот на официјалниот веб-сајт. Јасен знак за лажен производ е мал триаголник од кожа на задниот дел на чевелот.

3. Louis Vuitton чанти

Внимателно проверете ја чантата: мајсторите на брендот никогаш не ја шијат торбата, така што буквите LV не се видливи. Деталите од внатрешноста треба да се совпаѓаат со бојата на самата торба. Сите торби на Louis Vuitton имаат печат на кожна ознака. Франција, Италија, Шпанија, САД и Германија се земји во кои се произведуваат торбите. Секоја чанта има посебен код со 2 букви и 4 броја.

2. iPhone, iPod и iPad

Најбезбедниот начин да се избегне купувањето на лажен производ е да го проверите серискиот број на веб-страницата на Apple. За да го проверите, треба да го пронајдете серискиот број во поставките. Треба да бидете сигурни дека тој се совпаѓа со бројот на слотот за SIM картичка и кутијата. Друг метод за проверка дали производот на Apple е оригинален е iTunes синхронизацијата. Програмата автоматски го гледа поврзаниот уред, ги прикажува сите информации за него и може брзо да открие лажен производ. Значи, кога ќе се сретнете со продавачот, само земете лаптоп со вас со инсталиран iTunes и пристап до интернет.

1. Nike патики

Проверете го SKU бројот. Бројот на самите патики мора да одговара на бројот на кутијата. Лажните патики речиси никогаш немаат соодветни броеви. Лажните патики се посветли од оригиналните.

Сподели на Facebook
пати видено