Дали на вашето дете му дозволувате да си игра со вашиот мобилен или таблет? Има многу причини зошто децата под 12 години не би требало да употребуваат вакви уреди. Технологијата се разви неизмерно многу и многу го унапреди човечкиот живот, но дали сте знаеле како овие рачни уреди можат да влијаат на децата? На децата всушност би требало да им биде забранет пристапот до рачни уреди како мобилни телефони, таблети и сл. за да се избегнат последици по нивниот развој.

Истражувањата потврдуваат дека напредната електронска технологија всушност им штети на нашите деца, а сепак многу возрасни продолжуваат да одобруваат неограничена употреба на овие уреди од страна на најмалите. Со сѐ понапредниот технолошки развој на истите, децата сѐ повеќе се нурнуваат во тој вирален и виртуелен свет кој е лишен од клучните чинители за нивниот нормален развој, однесување и способност за учење.

11 Reasons Why Children under the Age of 12 Should Not Use Handheld Devices

Причини зошто децата треба да се држат подалеку од мобилните уреди

1. Брз растеж на мозокот;

Во периодот до двегодишна возраст, мозокот на детето се зголемува трикратно и останува во состојба на активен развој сѐ до неговата дваесет и прва година. Раниот развој на мозокот зависи од дразбите од околината или од недостатокот на истите. Дразбите кои се резултат на преголема изложеност на современите уреди се поврзуваат развој на аномалии како проблеми со способноста да се задржи вниманието на едно нешто, заостанување во когнитивниот развој, намалена способност за учење, зголемена импулсивност и намалена способност за самоконтрола.

2. Заостанување во развојот;

Технологијата која е дел од нашето секојдневие ги лишува децата од неопходното телесно движење, кое што може сериозно да се одрази на нивниот севкупен развој. Едно од секое три деца во светот на училиште тргнува со вакви пробеми, што долгорочно се одразува на нивната писменост и можноста за академски достигнувања. Активниот живот, спортските активности и сл. всушност ја унапредуваат способноста за учење и помнење.

3. Епидемија на дебелост;

Децата на коишто им се дозволува да употребуваат мобилни уреди се изложени на за 30 отсто зголемен ризик од дебелост, што особено е евидентно во западниот свет. Едно од секои четири деца во Канада, едно од секои три во САД се со зголемена телесна тежина.30 отсто од децата со ваков проблем подоцна ќе развијат дијабетес, а луѓето со зголемена телесна тежина се изложени на висок ризик од мозочен удар и инфаркт, со што се скратува просечниот животен век. Всушност, децата од 21. век можат да бидат првата генерација во човечката историја која нема да си ги надживее родителите.

4. Лишување од сон;

60 отсто од родителите не ја надгледуваат употребата на рачни мобилни уреди на нивните деца и на 75 отсто им е дозволена нивна неограничена употреба во просторијата кадешто спијат. Тие 75 отсто на деца на возраст од девет до десет години развиваат проблеми со спиењето до таков степен што тоа сериозно се одразува на нивниот училишен успех.

5. Ментални болести;

Насилните содржини можат да предизвикаат детска агресивност. Уште на млада и кревка возраст децата се изложени на примери за физичко и сексуално насилство, како што тоа го прават игрите како GTA 5, кадешто се прикажува секс, убиства, силувања, измачувања, осакатувања, а истото тоа може да се види и во бројни ТВ содржини како и на Јутјуб итн.

6. Дигитална деменција;

Големата изложеност на премногу и најчесто непотребни информации во дигиталниот свет сериозно допринесува до способноста за сосредоточување на вниманието и проблеми со помнењето, како последица на прекин на врските кои мозокот ги воспоставува со фронталниот кортекс. Децата кои не можат да внимаваат, не можат ни да учат.

8. Зависности;

Кога родителите им овозможуваат вакви „нови играчки“ на нивните деца, тие ефективно ја губат врската со своите деца. Кога недостасува непосредна врска помеѓу децата и нивните родители, децата се приврзуваат со електронските уреди како своевидна замена, и тоа полека доведува до зависност. Едно на секои единаесет деца на возраст од осум до осумнаесет години има проблеми со зависност од електронски уреди.

9. Изложеност на зрачење;

Во мај 2011 година беше утврдено дека мобилните телефони се потенцијални чинители за развој на канцерогени заболувања поради нивното зрачење.

10. Неодржливост;

Начинот на кој децата се одгледувани, воспитувани и образовани во технолошкиот свет веќе не е одржлив. Тоа што има потенцијал за нов пристап во учењето, за нови и подостапни содржини со практична примена во животот, всушност се претвори во вирален вртлог кој ги голта децата изложувајќи ги на сите претходно споменати ризици. Едноставно кажано, наместо да го унапреди нивниот образовен процес и севкупниот развој, современите уреди ги уназадуваат децата, затоа воопшто не е за чудење што самите дизајнери на овие уреди не им дозволуваат на своите деца никаква употреба на истите.

11. Замор на очите;

Сѐ повообичаено станува децата да страдаат од замор на очите, па дури и слабеење на видот како последица на зјапањето во малите екрани со часови. Децата не би требало да гледаат во монитори подолго од 30 минути без одмор.

Сподели на Facebook
пати видено