На интернет кружат најразлични видеа со слатки животни кои ќе ви го направат расположението како благо пролетно време – но, можеби сте од тие кои сакаат хорор филмови.

За среќа, интернетот има нешто и за вас. Еве колекција од најстрашните и најморничавите видеа кои ќе ви го кренат адреналинот.

1. Дух на девојка кој плаче

Видеово започнува со човек кој слуша како плаче некоја девојка, а завршува со…па…видете самите што ќе се случи кога повторно ќе влезе во собата.

2. Фатална несреќа при нуркање

Последното нуркање на Јуриј Липски, кој загина длабоко во морските води кај Дахаб, Египет.

3. Снимката во лифтот со Елиза Лам

Во 2013 година беше најдено телото на младата Елиза Лам како плута во водната кула на врвот на хотелот „Сесил“ во Лос Анџелес. На оваа снимка снимена од камерата во хотелскиот лифт се снимени последните моменти од нејзиниот живот. Изгледа како да се крие од нешто, но од што? Причината за нејзината смрт никогаш не била утврдена.

4. Рикардо Лопез, манијакот кој ја демнеше Бјорк

Оваа серија клипови ни даваат шокантен увид во умот на демначот Рикардо Лопез, кој за цел на својата опсесија со славни личности ја избрал арт рок пејачката Бјорк.

5. Чудовишта под креветот

Краток филм на кој се гледа како мајка ја убедува својата ќерка дека нема духови под нејзиниот кревет…но чудовиштата ја убедуваат дека сепак постојат.

6. Снежен дух

Ова најверојатно е лажно видео, но сепак е забавно да исплашите другари кои не се надеваат на вакво нешто.

7. Манекени

8. Кружат гласини дека ова видео е направено од сериски убиец кој куклите ги облекувал со облеката на неговите жртви.

9. Повици за помош од јужната кула

Кевин Косгроув бил заробен во една од кулите близначки во моментот на нејзиното рушење, и тој брзо повикал 911. Смрзнувачкиот телефонски повик ги содржи неговите последни мометни во живот.

9. Морничава вечера

Злокобна кукла седи спроти вас на масата, а зад неа се гледаат пламени. Сцена како од хорор филм со некој психопат.

10. Неочекувана гостинка

Овој човек забележал дека му ја снемува храната и поставил камера да види што се случува. Се испоставило дека во домот му се вовлекла жена која без негово знаење кај него живеела цела година, јадела од неговата храна и ја користела неговата бања.

Сподели на Facebook
пати видено