Овие прекрасни ресторани нема само да го задоволат Вашиот апетит за храна, туку и апетитот за авантура и желбата за нешто ново и невообичаено. „Подземните“ ресторани се наоѓаат на неверојатни локации и се одличен избор за секој кој сака уникатен амбиент.

10. Пештера Грото, Аризона

Пештерата Грото е новоотворен ресторан кој се наоѓа 60 метри под земјата, во Големиот Кањон. Околу 16 гости можат да седнат на четририте маси на платформа за јадење, која има поглед кон 345-милиони години стар пештерски систем. Постои ограничување, односно 90 минути за ручек и 2 часа за вечера, за да не дојде до премногу гужва.

9. Ресторан Alux, Мексико

Рсторанот Alux во Playa del Carmen, Мексико, може да угости 250 луѓе во рамките на своите пештерски ѕидови, но сепак ресторанот е интимен. Има голема коктел-сала каде што можат да се сместат гостите, но доколку сакаат има и посебни простории во пештерскиот систем со кои ќе се одвојат од гужвата.

8. Летната пештера во Грота Палацезе, Италија

Хотелот Грота Палацезе е дом на ресторан во пештера од варовник. Летната пештера, како што сугерира името, е отворена само во текот на летото, обично од мај до октомври. За овој ресторан велат дека е најромантичниот во Италија.

7. Ristorante Da Pancrazio, Италија

Италија повторно се наоѓа на оваа листа со Ristorante Da Pancrazio во Рим, кој е познат по тоа што наводно е местото каде што бил убиен Цезар. Овој традиционален римски ресторан, отворен во 1922 година, е изграден над урнатините на театарот на Помпеј.

6. Пештерски ресторан Али Барбур, Кенија

Пештерата Али Барбур во Кенија се смета дека е стара 180.000 години, но пред само 30 години бил отворен ресторанот на 10 метри под површината. Природно создадените дупки во пештерата им даваат поглед на гостите кон вечерното небо и заедно со свеќите формираат волшебна, романтична атмосфера.

5. Пештерски Хотел, Јамајка

Во овој хотел освен што можете да уживате во романтична вечера со свеќи, исто така можете да ја поминете и ноќта во некоја од нивните колиби во карпите.

4. Биентанг пештерата, Јужна Африка

Биентанг пештерата е ресторант и вински бар и е изрезбан од една пештера во Херман, Јужна Африка, со поглед на Вокер Беј, кој е природен резерват. Тука можат да се забележат многу китови кои излегуваат на површината од водата.

3. Jameos del Agua Restaurante, Шпанија

Лоциран на Ланзароте во Канарските Острови во Шпанија, Jameos del Agua е „место за забава“ кое се состои од пештери кои посетителите можат да ги прошетаат за да стигнат до огромна пештера и транспарентно солено езеро. Исто така тука пожете да посетите подземен базен или подземен театар за 500 луѓе. Исто така тука е подземниот ресторан и бар.

2. Марсден, Велика Британија

Овој паб е најстариот објект од оваа листа бидејќи датира од 1780-тите години. Според локалните жители оваа место има мрачно минато. Тоа бил прв дом на Џек Бластер, кој работел во каменоломот во близина. Тој со експлозив направил дупка во карпата и заедно со неговата сопруга отвориле паб во кој нуделе освежување и го криеле пленот на шверцерите за одредена сума пари. Легендата вели дека еден од тие шверцери ги поткажал на полицијата а Џек го спуштил со лифт во подземните пештери и го оставил да умре од глад.

1. Osteria del Tempo Perso, Италија

Osteria del Tempo Perso во Остуни, Италија, е е рустикален ресторан во кој се служи Puglian храна со опции за вегетаријанци и толпата која не сака глутен. Овој ресторан има голем рејтинг на листите за посета и повеќе од 80% од луѓето го оцениле како „одличен“ и „многу добар“.

Сподели на Facebook
пати видено