Девојчето си е искрено и за читањето и за сите работи што ги кажа, а 10-тото и начинот на кој ги опиша другите 9, потврди дека не лаже за читањето. Доколку авторката на видеото го отстрани од нејзиниот YouTube канал, а ќе го отстрани, еве ги фактите во кратки црти:
1. Омилен спорт: Пливањето и фудбалот
2. Омилено јадење: Пица (Верувале или не)
3. Омилен фудбалски тим: Реал Мадрид
4. Најдобар играч од Реал Мадрид: Роналдо
5. Омилана книга: Јас немам омилена книга. Јас не читам книги. Многу ретко читам книги, најчесто лектири и кога ми е досадно, а никогаш не ми е затоа што седам на мобилниот телефон.
6. Дали јас сакам да читам: Јас не сакам да читам (Верувале или не). Нејќам да читам, мразам да читам, не можам да читам.
7. Дали тренирам нешто: Да, одам на пливање 1 или 2 пати неделно, но не сакам повеќе за да не се разградам, да не заличам на машко.
8. Дали сакам да патувам низ светот: Јас многу сакам да патувам низ светот. Одам на играорна и патуваме низ многу градови и земји. Тоа за мене е уживање.
9. Дали имам сестри или браќа и колку многу ги сакам: Имам 2 помали сестри, 9 и 1 година. Многу се тепаме со едната, но не се мразиме, само се тепаме.
10. Во кој град би сакала да живеам во иднина: Јас во иднина би сакала да живеам во Франција или во Америка. Ако живеам во Франција сакам да живеам во Париз, а ако живеам во Америка би сакала да живеам во Лондон.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено