Никола Тесла бил еден од најпотценетите научници, пронаоѓачи и истражувачи кои живееле на оваа наша планета. Тој е одговорен за пронајдокот на наизменичната струја и моторот на наизменична струја кои се во употреба и ден денес. Всушност, преку 90 отсто од неговите пронајдоци сѐ уште се употребуваат или пак се дел од други производи на 21. век. Теслините високофреквентни генератори и трансформатори се во широка употреба и тој е пронаоѓачот кој го постави концептот за радиото и антената могу пред Маркони и Попов.

Главната цел на Тесла била светот да се снабди со бесплатна и бесконечна енергија, и ако неговите проекти не биле саботирани на начинот на кој биле, денес нашата цивилизација најверојатно веќе ќе била на својот пат кон ѕвездите. Денес, за жал, неговите пронајдоци и патенти се чуваат во тајност од пошироката општествена јавност. Но, тоа и не е најлошиот дел од приказната. За жал, Тесла продолжува да отсуствува од историските читанки ширум светот и многу луѓе не се ни свесни за неговото историско значење.

Уште на млада возраст Тесла се фасцинирал од електрицитетот. Бил решен еден ден да направи енергијата на универзумот да биде од полза на сите живи суштества. Како еден вид иницијатива да се популаризира придонесот на Тесла за современата цивилизација, споделуваме неколку фасцинантни слики со Никола Тесла, кои ќе ни овозможат да отпатуваме назад во времето и да сфатиме каков генијалец живеел пред повеќе од 100 години.
1. На оваа слика Тесла ѕирка од вратата на неговата лабораторија во Колорадо Спрингс. Била снимена во 1899 година.

ts02

2. Тесла во близина на неговиот предавател во Колорадо Спрингс. Овој уред можел да пренесува милиони волти напон на голема далечина без никакви жици. Сликата е снимена во 1899 година.

ts03

3. Тесла експериментира со висок напон и високи фреквенции, 1899

ts04

4. Тесла пред својот генератор, 1899

ts05

5. Тесла со еден од неговите пронајдоци, 1916

ts06

6. Тесла во својата канцеларија, 1916

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

7. Оваа слика прикажува светилка наполнета со гас и обложена со фосфор, која тесла ја развил во 1890-тите. Половина век подоцна почнале да се употребуваат флуоресцентните светилки. Тесла бил пред своето време.

ts08

8. Слика со Никола Тесла како седи и чита пред својот високонапонски трансформатор.

ts09

9. Тесла изведува тест носејќи ја лампата неколку метри подалеку од генераторот и таа продолжува да свети. 1898

ts10

10. Тесла за време на демонстрација на бежично пренесување електрицитет во лабораториски услови, 1899

ts11

Сподели на Facebook
пати видено