Во зависност од земјата во која живее човекот, нивните идеали за она што претставува вистинска убавина можат значително да се разликуваат од останатите. Убавината навистина е во окото на гледачот. Некои физички карактеристики кои ние можеби ги сметаме за недостаток во некоја друга земја се олицетворение на убавината.

Искривени заби, Јапонија

Во Западните земји правите заби се сметаат за совршена насмевка. Но, во Јапонија, работите се обратно: врвот на атрактивноста е таканаречената „јаеба“ или криви заби. Се верува дека луѓето изгледаат „посимпатично“ ако ја имаат оваа карактеристика.

Скарификација, Западна Африка, Нова Гвинеја

Жителите на Нова Гвинеја и неколку други земји во Африка сѐ уште ги декорираат своите тела со шаблони и бројни уметнички лузни. Лузните обично се прават на мажите за време на церемонијата на иницијација, додека за жените овие „тетоважи“ се сметаат за показател на голема убавина.

Лице во облик на срце, Јужна Кореја

Во Јужна Кореја, пластичната хирургија не е само широко распространета, туку се смета за сосема нормална. Во поголемите градови, ќе видите реклами насекаде, повикувајќи ги луѓето да одат под ножот за да го подобрат својот изглед. Таму срцевидното лице се смета за најубаво и затоа многу жени се спремни да одат на опасни операции за да го постигнат. Ова честопати вклучува кршење на коските во вилицата на три дела, отстранување на централниот дел и спојување на другите заедно за да создадат шилеста брада.

Вишок на тежина, Мавританија

Жените од Мавританија нема да го привлечат погледот на еден маж доколку немаат маснотии на стомакот. За да се уверат дека девојките ги добиваат саканите димензии, нивните родители ги испраќаат на специјални „фарми“ каде што можат да јадат до 16.000 калории дневно (норма е 1.500).

Хируршки преврски на лицето, Иран

Иран е главниот град на ринопластика. И покрај високата цена на постапката, овде мажите и жените се подготвени да платат многу за доброто на носот, што овде не се гледа само како симбол на убавината туку и на одреден статус во општеството. Но, во Иран некои луѓе и се шетаат со преврски на лицето за луѓето да мислат дека правеле операција на носот.

Бледа кожа, Кина, Тајланд

Во многу делови од Азија, бледата кожа се смета за златен стандард на убавина. Ако одите во продавница во потрага по крем за лице, мала е веројатноста да најдете некој кој нема состојка за белење. Многу Кинези одат на плажа со маски на лицето затоа што сакаат да ја заштитат кожата од сонцето.

Високо чело, Луѓето од Фула

Најважниот атрибут за жена што треба да поседува меѓу племето Фула во Африка е високото чело. Од таа причина некои жени од племето ги отстрануваат деловите од косата од главата за да ја создадат илузијата дека имаат високо чело. Сличен обичај е забележан и во средновековна Европа.

Долг врат, Бурма

Еден од регионите на источна Бурма е наречен „земјата на жирафа жените“. Ова име се однесува на Кајанските луѓе кои живеат таму, чии жени носат прстени од месинг околу нивните вратови. Се верува дека колку е подолг вратот на лицето, толку поубаво изгледа. Според легендата, овие прстени ги штитат жените од тигри, иако во реалноста тие се едноставно начин на изразување на нивниот племенски идентитет.

Раширени усни и црвена кожа, Луѓето Мурси, Химба и Сури луѓе

Во племето Мурси во Етиопија, девојчињата учат да ја истегнуваат кожата на нивните долги усни користејќи специјални дискови. Колку е поголем дискот, толку е поголем социјалниот статус на девојката и толку е поголем миразот што треба да се плати пред бракот.

Слична работа може да се најде и кај племето Сури. Тие се мало афричко племе кое живее во областа во југозападна Етиопија долж границата со Судан. Тие се едно од неколкуте племиња во плодната долина Омо и бројат околу 20.000 луѓе. Химба се номадски сточари кои живеат во областа Каоколанд во северозападниот дел на Намибија. Тие користат црвен окер и маснотии за да се заштитат од сонцето. Ова им дава на нивните тела црвена боја.

Споени веѓи, Таџикистан

Во некои региони на Таџикистан, споените веѓи се сметаат за знак на женска убавина. Доколку природата не и ја овозможи оваа карактеристика на девојката таа ја додава со помош на црна шминка. Населението верува дека луѓето со споени веѓи ќе имаат среќа во животот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено