Без разлика дали обрнувате внимание на климатските промени или не едно е сигурно – нашата планета во последните неколку децении се има сменето во големи размери и за тоа има многу докази. Според НАСА температурата на глобално ниво се има покачено за 16 степени Целзиусови од 1880 па до денес и 9 од 10-те најтопли години се забележани од 2000 година па наваму. Има и големо покачување на јаглерод диоксид во воздухот, како и многу други промени кои НАСА ги претстави преку овие 10 фотографии за да може да се соочиме со алармантната состојба.

1. Од септември 1984 и септември 2016 мразот на Арктикот драстично се намалил од 718,000 милји квадратни на само 42.000 милји квадратни. Како што може да се види од сликата и постариот мраз, кој не е подложен на топење, исчезнал.

2. Глечерите кои се наоѓаат околу Белингшаузен морето, долж брегот на западен Антарктик, се намалија во последните 4 децении, најмногу поради тоа што топлата вода од океаните влијае врз топењето на глечерите. Исто така и масата на Антарктикот е видно намалена.

3. Овие ледени капи на островот Елесмер во Нунавут, Канада, значително се намалени во периодот од 2004 до 2015 година. Во 2015 поголемата беше само 7% од нејзината големина во 1959 година, а помалата само 6% од првобитната големина.

4. Пораст на популацијата и побарувачката за земјоделско земјиште во областа Маради, Нигер, Бабан Рафи шумата, најголемото пошумено подрачје, предизвика да се изгуби голем дел од природниот пејсаж почнувајќи од 1976 до 2007 година. Она што преостанало сеуште се експлоатира за производство на производи кои секојдневно ги користиме.

5. Без разлика што е еден од најголемите резервоари во светот, нивото на водата во езерото Медовина се намалува од 2000 година, поради големите суши и потпросечните врнежи од снег. На сликата можете да видите колку се намалило во период од 1982 до 2010 година.

6.Во периодот меѓу 1984 и 2011 година, уништувањето на шумите во голема мера влијае на областа околу реката Јамари, во Бразил. Браната која била изградена во 1984 година, предизвикала поплави и населението кое што живеело таму се раселило.

7. Во Тексас поседите и фармите се намалени и водата во повеќе езера е драстично намалена. Ова е затоа што поголем дел од Тексас е во “исклучителна”состојба на суша и е една од најголемите суши забележани на овој простор. Сликите подолу се од Проктор езерото и разликата што ја гледате е предизвикана за само една година.

8. Обилните врнежи од дожд го зголемија коритото на реката Волга, ова предизвика пораст на нивото на водата во целата околина така што беа поплавени повеќе крајбрежни населени места, па дури и се намали животинскиот свет на островот Тулениу. Подолу е прикажана разликата помеѓу 1985 и 2011 година.

9. Условите на суша предизвикаа грмотевиците да започнат огромни пожари во националниот природен резерват Окефеноке во Џорџија во април 2011 година. Над 290.000 акри (означени со црвено) изгореа во Јули, а чадот на фотографијата од десно покажува дека пожарите биле сеуште активни и по 4 месеци.

10. Пожари предизвикани од екстремно топли и суви временски услови во Австралија беа причина за исчезнување на над 148.000 акри во Тасманија во јануари 2013 година. Повеќе од 40% од објектите во населено место на Дунали биле уништени. Сликата од десно е фотографирана дури една година по пожарите, а сеуште се гледа чадот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено