Топ 10 зли деца

Понекогаш се случува незамисливото: децата убиваат. Некои се решаваат да ги убијат членовите на своето сопствено семејство и покрај тоа што на прв поглед се чини дека се сосема нормално воспитани. Некои го прават тоа бидејќи нивното воспитание било далеко од нормално – тие деца често биле тепани и злоупотребувани.

 

 

 

 

Потоа тука ги имаме заблудените деца кои што од чиста желба да убијат некого се оддаваат на убиствениот нагон прекратувајќи ги животите на сосема невини жртви. Децата би требало да се невини и чисти; без злоба, презир, злобен гнев и желба да убиваат, а сепак секоја година во светот се случуваат ужаснувачки злосторства. На листава се претставени десет примери од најзлите деца во историјата, при тоа што првото место е посветено на една цела група. Возрасната граница за децата од листава е седумнаесет години.

 

10. Брајан и Дејвид Фриман

Брајан (17) и Дејвид (16) Фриман, кои што си ги избричиле и истетовирале главите како симбол на нивните неонацистички верувања, биле првите осомничени кога нивните родител и помладиот брат биле пронајдени претепани до смрт во нивниот дом во Салисбери Тауншип, Пенсилванија. Момчињата го тероризирале своето семејство и воопшто целиот град. Како што изјавила полицијата, тројното убиство кое што се случило во Салисбери Тауншип таа недела било кошмар за секој родител –долгата расправија помеѓу Денис и Бренда Фриман и нивните недоделкани и насилни деца завршила не само со тоа што децата кренале рака на своите родители, туку и со незамисливото – кобен крај за самите родители.

 

9. Едмунд Кемпер

 

Во 1964 година кога Едмунд Кемпер имал петнаесет години ги застрелал своите баба и дедо, убивајќи ги и двајцата. Тој подолго време го планирал овој ужасен чин и за тоа подоцна не покажал никакво каење. Од страна калифорнискиот оддел за малолетничко правосудство тој бил затворен во поправен дом со цел да го подложат на ригорозна серија тестови водени од психијатар. Бидејќи резултатите покажале дека тој бил психотичен параноид, бил испратен во Атаскадеро Стејт Хоспитал на лекување. Таму тој осознал што мислат другите за неговото злосторство и здраво се потрудил лекарите да му поверуваат дека тој оздравел. При се што бил сметан за социопат, тој работел во лабораторијата како помошник при тестирањето на други пациенти. За време на тој процес Кемпер научил многу за девијантните прекршители. Кемпер бил ослободен по пет години при што останал под надзор на надлежните. Неговите доктори препорачале тој да не се враќа под грижа на неговата мајка, но надлежните од одделот за малолетничко правосудство го игнорирале тоа. Откако Кемпер потоа убил и распарчил осум жени во текот на наредните пет години, истите тие доктори ја поддржале неговата одбрана врз основ на непресметливост и лудило. Всушност, во времето кога тој разнесувал делови од телата на неговите жртви наоколу, група психијатри процениле дека тој не претставува никаква закана за општеството.

 

8. Џошуа Филипс

Во 1998 година четиринаесетгодишниот Џошуа Филипс ја претепал својата осумгодишна сосетка до смрт и го скрил нејзиното тело под својот кревет. Седум дена подоцна, неговата мајка забележала дека нешто истекува од под креветот. Џошуа тврдел дека тој случајно ја удрил Меди по окото со бејсбол палка по што таа почнала да вреска. Испаничен тој ја одвлечкал во неговиот дом каде што ја удрил уште еднаш и потоа ја избодел единаесет пати. Неговата приказна не звучела доволно убедливо за поротата на Флорида која што го прогласила за виновен за убиство од прв степен. Неговата мајка се уште упатува жалби на пресудата врз основа на тоа што за неговото злосторство му била изречена казна како на возрасен.

 

7. Вили Боскет

Вили Боскет, роден на 9 декември 1962 година, е осуден убиец, чиишто убиства кои што тој ги извршил додека се уште бил малолетен, довеле до промена на закон во државата Њујорк, при што било донесено решение децата од тринаесетгодишна возраст па нагоре да можат да бидат судени за убиство, и да можат да се соочат со соодветните казни. На 19 март 1978 Вили Боскет, кој што тогаш имал петнаесет години со огнено оружје го усмртил Ноел Перез во нујоршкото метро при обид да украде пари и часовник. Осум дена подоцна Боскет застрелал уште еден човек, Мосес Перез (кој што не бил во никаква роднинска врска со претходната жртва) при уште еден обид за грабеж. Боскет бил суден и осуден во Њујоршкиот семеен суд каде што бил осуден на пет години затвор (максималната казна за малолетник). Малата казна на Боскет предизвикала јавно негодување, што довело до тоа Њујоршкото државно законодавство да го изгласа законот малолетни престапници од 1978. Според тој закон, децата најрано од тринаесетгодишна возраст можат да бидат изведени пред суд за возрасни за злосторства како убиство, и да им бидат изречени казни како на возрасни. Њујорк била првата американска држава која што донела закон од ваква природа; многу други законодавства се соочиле со тужба. Боскет на крајот бил пуштен од затвор, но потоа бил осуден за бројни други престапи, за кои што добил извесен број на доживотни пресуди. Во моментот тој се наоѓа во затвор во истата држава.

 

6. Лори Такет

Саботното утро на 11 јануари 1992 година, жителот на Индијана Дон Фоли и неговиот брат Ралф решиле да појдат на лов во блиската шума во Џеферсон Каунти. Само што изминале неполни два километри од нивниот пат, кога Дон свртел кон Лемон Роуд, Ралф  забележал чуден објект во неплодното поле на неколку стапки од патот. Првин им се чинело дека тоа би можело да биде тело, но фигурата била толку лошо изгорена и обезличена што си помислиле дека можеби се работи за кукла. Кога и се приближиле, станало очигледно дека не се работи за никаква кукла. Истрагата покажала дека се работело за телото на Шанда Шарер, за која што подоцна се открило дека станала жртва на љубоморен лезбиски љубовен триаголник. Пред да биде убиена, нејзиното тело било исечкано и избодено, а самата смрт по се изгледа настапила при палењето. На крајот се открило дека во случајот заедно со Тони Лоренс и Хоп Рипи била вмешана и Лори Такет.

Мери Лорин (Лори) Такет била родена на 5 октомври 1974 година во Медисон. Индијана. Нејзината мајка била конзервативен  припадник на пентекосталната црква, а нејзиниот татко бил работник во фабрика, кој што зад себе имал две прекршочни осуди, а исто така и неколку престои во затвор во текот на шеесеттите. Такет тврдела дека најмалку двапати била малтретирана како дете, првиот пат кога имала пет, и потоа на дванаесет години.

 

5. Бренда Ан Спенсер

Понеделникот на 29 јануари во 1979 година, шеснаесетгодишната Бренда Ан Спенсер употребувајќи пушка ранила осум деца и еден полицаец во основното училиште Кливленд во Сан Диего и ги убила директорот Бартон Враг и чуварот Мајк Сакар. Училиштето се наоѓало веднаш спроти нејзината куќа на другата страна од улицата. Таа ја употребила пушката која што неодамна и била подарена за Божиќ од страна на нејзиниот татко. Кога шестчасовниот инцидент завршил и убавата тинејџерка била прашана зошто го сторила злосторството, таа слегнала со рамениците и одговорила: „Не ги сакам понеделниците. Ова го живна денот.“Таа исто така кажала: „Немав некоја особена причина за тоа, и едноставно тоа ми беше многу забавно. Беше исто како да стрелаш патки на езеро. Децата изгледаа како стадо крави стоејќи наоколу. Беа навистина лесна цел“. Тоа што таа не покажувала никакво каење како и неспособноста да обезбеди сериозно објаснување за нејзиното дело при нејзиното заробување било инспирација за песната „I Don’t Like Mondays” од The Boomtown Rats, а напишана од Боб Гелдоф. Нејзиниот цитат „I Don’t Like Mondays” исто така се појавил и напишан на ѕид  во филмот ,,The Breakfast Club”.

 

4. Џон Венаблс и Роберт Томпсон

Џон Венаблс и Роберт Томпсон (и двајцата десетгодишници) краделе цел ден во трговскиот центар – слатки, трол кукла, неколку батерии, лименка со сина боја и други ситници. Но зошто се решиле да го украдат двегодишниот Џемс Балгер? Дали тоа било планирано, или пак ненадеен, спонтан порив? Штом веќе се нашол во нивните раце, тие не знаеле што да прават со него. Можеле едноставно да го пуштат, оставајќи го крај некоја продавница каде што некој лесно ќе го забележал детето во плач. Но Џон и Роберт, како децата кои што попрво би ги уништиле нештата кои што им припаѓаат одошто да ги дадат на некој друг, го убиле малото момченце. Родителите на Џемс никогаш повторно нема да го видат нивното дете живо. Видео камерите во трговскиот снимиле неколку слики на Џемс во рацете на неговите убијци, замрзнати во времето. Тој бил одведен на долга, бесцелна прошетка, при што попат бил безмилосно измачуван. Џемс бесчувствено бил тепан до смрт од страна на неговите десетгодишни киднапери, кои што без никаква грижа на совест го оставиле на некоја пруга.

 

3. Џеси Померој

Џеси Померој имал четиринаесет години кога бил уапсен во 1874 година за ужасното убиство на четиригодишно момче. Набргу му бил даден прекар ,,The Boston Boy Friend”. Неговиот злобен пат започнал три години порано со сексуалното злоставување на три други момчиња. Поради тие злосторства Померој бил осуден на престој во детското реформско училиште, но бил пуштен порано. Не многу подоцна, тој осакатил и убил десетгодишно девојче кое што влегло во дуќанот на неговата мајка. Месец потоа, тој го киднапирал десетгодишниот Хорас Мјулен, го одвел во мочуриштето надвор од градот и го искасапил со нож толку дивјачки што безмалку го обезглавил. Поради неговиот чуден изглед (едното око му било млечно бело) и поради неговото поранешно гнасно однесување, тој веднаш бил првиот осомничен. Кога му било покажано телото и кога бил запрашан дали тој го направил тоа, тој одговорил ноншалантно, „Изгледа дека јас го направив“. Потоа го нашле и девојчето закопано во подрумот на неговата мајка, и тој го признал и тоа убиство. Бил обвинет и осуден на смрт. Како резултат на јавно негодување поради изрекувањето смртни казни на деца, неговата казна била изменета на четириесет години во самица.

 

2. Мери Бел

Мери Бел била осудена поради тоа што на 25 мај 1968, ден пред нејзиниот роденден, го задавила малиот Мартин Браун. За време на чинот таа била сама. На 31 јули истата година Мери и нејзината пријателка Норма повторно задавиле момче, тригодишниот Брајан Хоу. Полициската истрага покажала дека откако момчето било убиено, Мери Бел се вратила назад за со жилет да му вреже „N” на стомакот, кое што потоа со истиот жилет , но со друга рака било променето во „М“. Мери Бел исто така со помош на ножици отсекла прамен од неговата коса, како и дел од неговите гениталии. Бидејќи девојчињата биле толку млади, и нивните сведочења биле противречни, никогаш не било откриено што точно се случило. Смртта на Мартин Браун првин била прогласена како несреќен случај бидејќи немало доволно докази за целосна истрага. Но, на крајот неговата смрт била поврзана со таа на Брајан Хоу, и во август двете девојчиња се соочиле со две обвиненија за убиство. Мери била ослободена во 1980 година при што судот наредил анонимност. Во 2003 судот ги наградил неа и нејзината ќерка со доживотна анонимност, т.е. нивниот идентитет ќе биде чуван во тајност.

1.Училишни престрелки

 
Бројот на училишните престрелки бележи вртоглав пораст во текот на изминатите петнаесет години, и се уште многу луѓе се прашуваат, зошто? Повеќето од децата учесници во овие немили случувања на еден или друг начин биле исмевани од нивните училишни другари, но исто така и дома од членови на нивното семејство. Овие убиствени деца се снабдиле со огнено оружје, во повеќето случаи со голем калибар; иако во други случаи биле употребени и ножови, пиштоли кои што ги донеле со себе на училиште, и со кои што причиниле не помало зло. Наставници, ученици и студенти ги губат своите животи секоја година на овој начин секогаш кога ќе се случи вакво нешто.

Еве само неколку примери на вакви инциденти:

24 мај 1998 – Ендрју Голден (11) и Мичел Џонсон (13) застрелале 15 луѓе во Westside Middle School во Арканзас.

24 мај 1998 – Ерик Харис (18) и Дилан Клеболд (17), Columbine High School – 13 мртви, 25 повредени.

15 ноември 1995 – Џејми Роуз (17), Richland School Tennessee – 4 повредени, 2 мртви.

2 февруари, 1996 – Бери Лаукаитис (14) Moses Lake, Washington School – 3 мртви, 2 повредени.

21 мај 1998 – Кипланд Кинкл (14), Springfield Oregon – 3 мртви, вклучувајќи и родители, 8 повредени.

Во април 2002 година во Виненден, Германија биле убиени 17 лица по што напаѓачот се самоубил.

А тоа се само дел од нападите кои што постојано се случуваат по училиштата во светот.


blog comments powered by Disqus