Една жена во Обединетите Арапски Емирати бара развод од својот сопруг поради најбизарните можни причини. Жената вели дека нејзиниот живот е „пекол“ поради „суровиот третман“ кој го добива до нејзиниот сопруг.

Таа изјави на шеријатскиот суд во Фуджајра дека нејзиниот сопруг никогаш не се расправал со неа, никогаш не ѝ викал и секогаш бил добар. Исто така ѝ искажувал „прекумерена љубов“ ѝ помагал во домашните обврски и постојано ѝ давал подароци.

Жената пред судот изјавила: „Загушена сум од неговата љубов и наклонетост. Тој дури и ми помагаше во чистењето на куќата без да го побарам тоа од него.“ Според извештаите, жената рекла дека двојката никогаш немала расправија и сопругот не викал за време на нивниот едногодишен брак.

Кога се пожалила на неговата тежина, мажот дури поминал на строг режим на диети и вежби што го оставиле со скршеница на ногата. Но, сепак ниту ова не ѝ се допаднало на изреволтираната сопруга која продолжила да се жали на комплиментите и подароците.

„Со нетрпение копнеам еден ден за расправии, но ова ми се чини невозможно со мојот романтичен сопруг кој секогаш ми простуваше и ме тушираше со дневни подароци. Ми треба вистинска дискусија, дури и кавга, а не овој живот полн со послушност.“, додава таа.

Мажот го молел судот да го одбие барањето за развод. Судот нареди одложување на случајот да му се даде на парот шанса сами да го решат спорот.

Сподели на Facebook
пати видено