Во болница во Јужна Кина пристигнала жена во 5-тиот месец на бременоста. Таа била прилично изненадена зошто е бремена и барала од лекарите да ѝ извршат абортус.

Лекарите тогаш решиле да ѝ направат целосен преглед и се шокирале кога сфатиле што направила жената.

31-годишната мајка на 3 деца во нејзината вагина имала пружина. Да, така е пружина, за која таа верувала дека ќе ѝ помогне да не остане бремена. Жената мислела дека тоа е всушност исто како „спирала за контрацепција“ и многу се изненадила кога сфатила дека повторно е бремена. Пружината била долга 5 сантиметри и таа си ја „вградила“ пред 6 месеци.

Докторката Јунхонг која била одговорна за жената изјавила: „Беше бремена пет месеци и дојде во нашата болница за постапка за абортус. За време на нашите проверки, откривме прстени сместени меѓу нејзината вагина и грлото на матката – тоа беше пружина што веќе беше обвиткана од нејзиното вагинално ткиво.“

Бидејќи пружината веќе се споила со ткивото лекарите морале да и направат операција и да ги вадат прстените еден по еден. Пружината била исечена на 7 поединечни парчиња од кои секое било извадено од пациентката за време на операција која траела 40 минути.

„Мислела дека пружината ќе спречи бременост. Ја пронашла на земјата во работилницата во која работи ја измила и ја вметнала. Тоа го направила сам пред околу половина година. Ова е многу ненаучно и нехигиенски.“, додава докторката. За некое чудо жената немала некоја инфекција или пак компликации.

По операцијата била пуштена од болницата дома, но не се знае дали повторно се вратила за да побара абортус.

Сподели на Facebook
пати видено