Македонија е држава со огромен број на природни богатства, кои треба најпрвин да ги чуваме, а потоа да им се воодушевуваме. Жуборењето на потоците, завивањето на волците, сето тоа е дел од нашата природа за која треба да бидеме благодарни.

Националните паркови се богати со растителен и животински свет за кој не добиваме често информации. Сепак еден проект го смени овој факт и нѐ запозна со жителите на Националниот парк Маврово и неговата прекрасна природа.

Овој Национален парк е заштитен од 1949 година и од тој ден па до денес нѐ изненадува со својата уникатна флора и фауна. Со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонско Еколошко Друштво, беа опфатени голем број на неверојатни животни кои се дел од „душата“ на најубавиот национален парк во нашата држава.

Без разлика дали станува збор за грандиозниот рис или пак за неодоливи мали мечиња, Националниот парк Маврово зрачи со својата природна убавина која никој не може да ја негира. Погледнете како изгледа „секојдневието“ на жителите на Националниот парк Маврово:

Сподели на Facebook
пати видено