Наводна вештерка била принудена да се покае на локалната телевизија, како дел од кампањата на локалниот водач за отстранување на „вештерството“.

Секинат Ибрагимова била популарна помеѓу локалното население во Чеченија, како „вештерка“ која фрлала магии на поранешни сопружници, или пак помагала да се положат испити на факултет. Но, како дел од кампањата против волшебството од локалниот водач Рамзан Кадиров, таа беше приведена и јавно засрамена.

Во исповед на главната ТВ станица во главниот град Грозни (видеото подолу), таа им рече на гледачите: „Бев на погрешен пат. Не ме прашувајте повеќе за помош.“

Исто така ѝ биле запленети и нејзините „реквизити за вештерство“. Исто така биле прикажани и фотографии од оние луѓе на кои има „помогнала“ во изминатите 6 години.

Меѓу запленетите предмети имало и брави, клучеви, земја од гробиштата и хартии со нејасни натписи. Полицијата соопштила дека ваквите предмети се типични за „вештерките“. Ловот на вештерки од страна на официјалните власти во Чеченија продолжува и тие ги апсат сите мажи и жени кои вршат сомнителни ритуали како што е топење олово и ноќни посети на гробиштата.

Сподели на Facebook
пати видено