Кетрин Махони била обвинета дека го претепала нејзиното момче, затоа што тој сакал да раскине со неа.

Таа му го скршила носот на Бен Кебел, кој е ватерполист и рагби играч, во студентскиот дом до нивниот факултет. Сепак обвинителството се откажало од случајот и Кетрин нема да лежи во затвор.

Нејзиниот адвокат вели дека таа сега повторно ќе се врати на своите студии и дека е меѓу најдобрите од генерацијата и ја чека „светла иднина“. Не се знаат точните причини поради кои обвинението било повлечено.

Поранешното момче на Кетрин дури и се пошегувало со скршениот нос на социјалните медиуми, објавувајќи фотографија. Тој на полицајците им кажал дека Кетрин излеагирала на овој начин откако ѝ соопштил дека сака да раскине со неа.

Кетрин која исто така се занимава со пливање и работи како модел за бикини првично била обвинета за напад од трет степен со кауција од 1.500 долари.

Сподели на Facebook
пати видено