„Мис Бумбум“ е годишен бразилски натпревар, чија што цел е да се пронајде најубавиот задник во државата. Оваа година 31-годишната Елена Сантана била наградена со титулата за најдобар задник во Бразил на церемонијата во Клубот Eazy во Сао Паоло.

Но, 27-годишната Алин Ува, која не успеала да се пласира во првите три места, истрчала на сцената, ја грабнала лентата од победничката и тврдела дека само нејзиниот задник е 100% природен.

Изреволтираната Алин, чиј задник од 110 сантиметри е 5 см поголем од оној на победничката тврди дека гласањето било „саботирано“ и дека требало таа да победи бидејќи само нејзиниот задник е природен. Таа, исто така, добила најмногу гласови во јавноста во периодот до финалето.

„Ги почитував сите правила и мојот задник е единствениот природен. Ја зграпчив лентата на победничката бидејќи јас сум единствената жена што навистина ја заслужува титулата. Јас го претставувам природниот Бразилски задник и никој не може да ми го одземе тоа. Трите жени кои добија најмногу гласови се лажни, нивните задници се чисти силикони, тоа е неправда.“, вели Алин.

Овој натпревар се здоби со светска слава откако започна во 2011 година. Од илјадници жени се избираат 27, од кои секоја претставува една бразилска држава, а јавното гласање испраќа 16 жени во финалето.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.

Сподели на Facebook
пати видено