28-годишната Каролин Рејчел пристигнала во ветеринарната болница, во Флорида, со нејзиното момче Џереми Флојд и нивното куче. Персоналот не се сомневал во ништо, но девојката сепак успеала да остави ливче на рецепцијата на кое пишувало: „Викнете полиција. Моето момче ми прети. Има пиштол. Ве молам не му кажувајте.“

Каролин всушност била таму против нејзината волја, а Џереми имал пиштол.

Тогаш била повикана полицијата и тие го уапсиле насилното момче. Каролин била физички малтретирана неколку дена по ред и имала повреди по телото, а нејзиното момче не ѝ дозволувало да го напушти станот два дена. Таа успеала да го убеди дека кучето мора да оди на ветеринар, а Џереми тргнал со неа и земал пиштол во случај да сака да избега.

Флојд е обвинет за напад со огнено оружје, присилно затворање, поседување на огнено оружје од страна на осуден престапник и поседување муниција од осудениот престап. Веднаш по апсењето на Џереми, Каролин била однесена во болница на преглед.

Сподели на Facebook
пати видено