Покрената е кривична постапка против пилот, кој ѝ дозволил на неговата „пријателка од детството“ да ја преземе контролата врз патничкиот авион во Русија. Капетанот – именуван како Кирил С ѝ дозволува на 33-годишната Ана да лета со турбороп АН-24 над Сибир со десетици патници во авионот.

Тој се соочува со затворска казна до две години или парична казна од 300.000 рубљи (околу 4.000 евра), доколку биде осуден за нарушување на безбедноста на патниците. Во тој момент во авионот имало 52 патника. Авиокомпанијата ИрАеро првично изрази сомнеж дека нивниот пилот бил вмешан во давње лекција на неквалификуваната жена.

Но, сега е покрената кривична постапка против капетанот кој бил задолжен за летот од 1 час и 40 минути од Јакутск до оддалечениот регион Батагај-Алита. Пилотот е суспендиран во очекување на кривичната истрага.

Сподели на Facebook
пати видено